Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Познати шампионите во младинските категории

Димитар Петковски 19/05/2026 07:53
15_rabotnicki-ap-brera-1-1536x1120

На едно коло пред крајот на првенствата познати се и освојувачите на титулите во младинските категории.

Во Младинската Супер лига, трофејот им припаѓа на фудбалерите на АП Брера која на една рунда до крајот има 15 бода предност во однос на Вардар додека трет е Работнички со 56. Меѓу петте најдобри во оваа конкуренција се наоѓаат уште Шкендија со 55 и Македонија ЃП со 52 бода.

За супериорноста на младинците на АП Брера говори и податокот дека Струмичани во досегашните 29 кола немаат ниту еден пораз, а само еднаш играа без победник. АП Брера во досегашниот тек од сезоната постигна 158 гола додека по 110 пати мрежата на противниците ја затресоа Вардар и Шкендија.

На едно коло пред крајот лидер меѓу стрелците е Иван Шириќ од АП Брера со 39 гола, два повеќе од Албион Јашари (Шкендија) и Никола Ристевски (Вардар).

Во последното коло АП Брера го пречекува Башкими Вардар игра со Арсими, Македонија ЃП се соочува со Брегалница Штип, Работнички е домаќин на Скопје додека Шкендија за противник го има Тетекс.

Кај кадетите најдобар Вардар кој на едно коло пред крајот води со 78 бода,  12 повеќе од Работнички, а зад нив следуваат Пелистер и Македонија ЃП со 60.

Новиот шампион на 29 натпревари постигнал 116 гола додека противниците само шест пати ги совладале голманите на Вардар.

Најефикасен играч во оваа конкуренција е Антиан Емини од Македонија ЃП со 27 гола, четири повеќе од Админ Абдула од Вардар.

Во последното коло Вардар игра против Арсими, Работнички се среќава со Скопје додека Пелистер е домаќин на Струга Трим Лум.

Во пионерската Супер лига, шампионската титула ја освојува Македонија ЃП. На едно коло пред крајот екипата од Ѓорче Петров има четири бода повеќе во однос на Вардар, но и натпревар помалку што треба да се одигра на 20 мај.

На третата позиција во моментов е Шкендија со 68 бода, аследува Работнички со 60.

Фудбалерите на Македонија ЃП до овој момент постигнаа 112 гола, Вардар 121 додека најдобар стрелец е Николче Баталкоски од Вардар со 27 погодоци, два повеќе од Антонио Арсов (Брегалница Штип) и Ерион Салихи (Башкими).

И кај помладите пионери првак е тетовска Шкендија која на едно коло пред крајот има 80 бода, 14 повеќе во однос на Македонија ЃП, а трет е Вардар со 64.

И во оваа конкуренција водечките екипи се исклучително ефикасни. Помладите пионери на Шкендија постигнале 118 гола, а фудбалерите на Вардар 111.

Во оваа конкуренција убедливо најефикасен е Огнен Јаков од Вардар со 40 гола следува Ајет Реџепи со 31 и неговиот соиграч Омер Рамадани со 25.

 

Фото: ФФМ

Continue Reading

Претходно: Подгответе се за невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Следно: До Франкфурт со преседнување во Виена – Луфтханза ја укинува авиолинијата до Скопје

Поврзани вести

Screenshot 2026-06-16 105657
  • Спорт
  • Останати

Ивана Пејовска дел од ЦЕВ „Тренерската конвенција 2026“ во Португалија

Димитар Петковски 16/06/2026 08:57
723641515_1335367995391663_4665915647063047124_n
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Младинската репрезентација на Македонија ги започна подготовките за ЕП во Романија

Димитар Петковски 15/06/2026 16:26
HK0HV5oXkAAi2X4
  • Фудбал

Лекција по култура за целиот свет: Јапонските навивачи повторно ги чистеа трибините по мечот

Шеталиште 15/06/2026 08:43
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Расчистен случај на подметнат пожар во возило во Прилеп: 34-годишник ќе одговара кривично policija-8 1
  • Прилеп инфо

Расчистен случај на подметнат пожар во возило во Прилеп: 34-годишник ќе одговара кривично

16/06/2026 06:53
Многу топло од рано наутро – Попладнево пресврт, доаѓа силно невреме toplo-vreme 2
  • Македонија

Многу топло од рано наутро – Попладнево пресврт, доаѓа силно невреме

16/06/2026 06:51
Цените на нафтата паднаа, индексите на берзите пораснаа berzi-1.jpg 3
  • Економија

Цените на нафтата паднаа, индексите на берзите пораснаа

16/06/2026 06:50
Младинската репрезентација на Македонија ги започна подготовките за ЕП во Романија 723641515_1335367995391663_4665915647063047124_n 4
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Младинската репрезентација на Македонија ги започна подготовките за ЕП во Романија

15/06/2026 16:26
Се зголемува цената на горивата gorivo-pumpa-750x350-2 5
  • Економија

Се зголемува цената на горивата

15/06/2026 12:16

Можеби сте пропуштиле

Screenshot 2026-06-16 105657
  • Спорт
  • Останати

Ивана Пејовска дел од ЦЕВ „Тренерската конвенција 2026“ во Португалија

Димитар Петковски 16/06/2026 08:57
policija-8
  • Прилеп инфо

Расчистен случај на подметнат пожар во возило во Прилеп: 34-годишник ќе одговара кривично

Шеталиште 16/06/2026 06:53
toplo-vreme
  • Македонија

Многу топло од рано наутро – Попладнево пресврт, доаѓа силно невреме

Шеталиште 16/06/2026 06:51
berzi-1.jpg
  • Економија

Цените на нафтата паднаа, индексите на берзите пораснаа

Шеталиште 16/06/2026 06:50

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани