Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Полесен пристап за лицата со попреченост на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавниот сектор

Шеталиште 27/08/2025 13:39
Screenshot 2025-08-27 at 15.38.52

Се создава правна рамка на лицата со попреченост и на старите лица да им се овозможи полесен пристап до информациите и услугите кои ги даваат/нудат институциите од јавниот сектор на нивните веб-страници и мобилни апликации, со Предлог законот за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавниот сектор, во прво читање, што денеска доби поддршка од собраниската Комисија за европски прашања. Со законот државава ја имплементира  Директивата (ЕУ) 2016/2102 на Европскиот парламент и на Советот од 26 октомври 2016 година за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на органите од јавниот сектор, во националното законодавство. Треба да се овозможи поголема дигитална пристапност на граѓаните, како и поинклузивно општество.

Како што образложи Радослав Настасијевиќ Варџиски, заменик-министер за дигитална транформација, за да обезбедат пристапност на веб-страниците и мобилните апликации, институциите од јавниот сектор се должни да исполнат општи услови според кои содржината на веб-страниците и мобилните апликации ќе може да се согледа и разбере преку најмалку две различни сетила (на пример, вид и/или слух), независејќи исклучиво од едно сетило. Сите интерактивни елементи на веб-страниците и мобилните апликации треба да се употребливи без разлика на начинот на користење (вклучително и со тастатура, гласовна контрола или асистивни уреди), функцијата и значењето на интерактивните елементи да се јасни, предвидливи и доследни, а целата содржина на веб-страниците и мобилните апликации да е технички издржана и веродостојно интерпретирана од различни кориснички програми, вклучително и асистивни технологии.

За спроведување на законот се потребни средства од Буџетот бидејќи институциите од јавниот сектор ќе треба да инвестираат во развојот, модернизацијата и одржувањето на нивните веб-страници и мобилни апликации.

Настасијевиќ Варџиски појасни дека вклучувањето на пристапни веб-страници и мобилни апликации може да доведе до подобрена ефикасност во работата на институциите од јавниот сектор, што пак може да резултира во заштеди од други јавни трошоци, како и покачување на ефикасноста на услугите. Дополнително, за граѓаните со попреченост, пристапноста може да го олесни користењето на јавни услуги, што ќе има позитивен ефект на општата вклученост во општеството.

Поддршка од Комисијата за европски прашања денеска без расправа доби и Предлог законот за контрола на индустриски емисии, во прво читање, кој што, како што соопшти заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска,  првпат се носи во државава.  Со него се врши усогласување со Директивата 2010/75/ЕУ од 24 ноември 2010 година за индустриски емисии и е дел од пакетот закони од реформската агенда на Владата.

Лашкоска појасни дека Предлог законот треба да овозможи намалување на негативните влијанија од дејностите и активностите во инсталациите и постројките преку делување во изворот на загадувањето и негово следење со мерки на мониторинг. исто така, да обезбеди соодветен интегриран пристап за спречување и контрола на емисиите во воздухот, водата и почвата, спречување или намалување на создавањето отпад и намалување на нивото на бучава, да се постигне енергетска ефикасност и спречување на настанување несреќи во инсталациите и постројките што вршат индустриски активности.

Предвидено е начело загадувачот плаќа, според коешто загадувачот е должен да ги надомести трошоците за отстранување на опасноста од загадување на животната средина и да ги плати трошоците за ремедијација, преку обезбедување висок степен на заштита на животната средина и здравјето на луѓето.  Предвидени се и одредби за да се обезбеди учество на јавноста во носењето одлуки при издавањето на интегрираните еколошки дозволи и донесување општи обврзувачки барања.

– Се надевам дека законот ќе биде донесен со консензус бидејќи го засега секој граѓанин, директно влијае на квалитетот на воздухот, а истовремено и на голем број индустриски објекти, рече Лашкоска, барајќи поддршка за Предлог законот.

Без расправа беше усвоен и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност, во прво читање, со којшто државата ги исполнува обврските од членство во Енергетската Заедница ( Директивата 2018/2002/EU и Регулативата 2018/1999/EU, како клучни правни акти од т.н Пакет на ЕУ за чиста енергија. Со законските измени, коишто претходно добија поддршка и во матичната собраниска комисија, треба да се отстранат бариерите што го попречуваат спроведувањето мерки и проекти за енергетска ефикасност и да се зајакне соработката меѓу потрошувачите, производителите, снабдувачите на енергија, обезбедувачите на енергетски услуги, централните и локалните власти. За примена на законот треба да се изработат и донесат уредба за усвојување на индикативни цели за 2020 и 2030 година, долгорочната стратегија за реновирање на згради, уредба за обврзувачка шема и/или примена на алтернативните мерки, уредба за уредување на договорите за енергетски услуги, како и правилници за програмите, годишните планови и извештаите за енергетската ефикасност на единиците на локалната самоуправа, за енергетски карактеристики на згради и за енергетска контрола на зградите.

фото: принтскрин 

 

Continue Reading

Претходно: ВРЕДИ: ДУИ вети, но труеше, ќе ја затвориме депонијата Никуштак засекогаш
Следно: Филипче: Економската политика на оваа Влада е најлошата досега

Поврзани вести

FB_IMG_1778351840865
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола

Димитар Петковски 09/05/2026 18:32
Aerodrom-skopje
  • Македонија

Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена

Шеталиште 09/05/2026 12:40
FB_IMG_1778329156202
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид!

Димитар Петковски 09/05/2026 12:26
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола FB_IMG_1778351840865 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола

09/05/2026 18:32
Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена Aerodrom-skopje 2
  • Македонија

Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена

09/05/2026 12:40
Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид! FB_IMG_1778329156202 3
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид!

09/05/2026 12:26
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски sv-vasilij 4
  • Македонија

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски

09/05/2026 09:10
Влажен бран над Македонија – Еве каде наврна најмногу дожд dozd-soobrakaj_1000_625-1 5
  • Македонија

Влажен бран над Македонија – Еве каде наврна најмногу дожд

09/05/2026 09:04

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1778351840865
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола

Димитар Петковски 09/05/2026 18:32
Shetalishte-81
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (09.05.2026)

Шеталиште 09/05/2026 14:47
DSC_1038
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (09.05.2026)

Шеталиште 09/05/2026 14:18
Aerodrom-skopje
  • Македонија

Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена

Шеталиште 09/05/2026 12:40

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани