Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

„Политико“: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија

Шеталиште 04/11/2025 15:24
Makedonija-bugarija

И покрај тоа што го смени името во 2019 година за да го реши спорот со Грција, Северна Македонија останува попречена на патот кон ЕУ поради историскиот и јазичниот спор со Бугарија, наведува бриселскиот портал „Политико“ во осврт пред денешното објавување на извештаите за напредокот на европскиот пат на земјите кандидати за членство во ЕУ.

– Иако се очекува во извештајот да се забележи одреден економски напредок и посилно усогласување на надворешната политика со ЕУ, генерално, бројчаникот не се помести многу од минатата година, се наведува во текстот во однос на земјава, при што се оценува дека земјава добила факултетска „осумка“.

Според порталот, врз основа на извештаите може да се заклучи дека ЕУ на Црна Гора и дала „десетка“, на Албанија „десет минус“, на Молдавија „девет плус“, а на Украина „солидна деветка“.

Од друга страна, како што наведува „Политико“, „проблематичните студенти“ кои се заглавени во политички кризи што го закочија нивниот напредок, Србија и Босна и Херцеговина, добиваат оценка адекватна на „седумка“, додека Грузија, која е во слободен демократски пад, паднала на испитот со „петка“.

За Турција, чија кандидатура е замрзната од 2018 година поради „назадување во владеењето на правото и загриженост за човековите права“, се вели дека „целосно го отфрлила испитот“.

Во текстот се пренесува и изјава на црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, според кого, извештајот потврдува дека „Црна Гора е најнапредната земја кандидат“ за членство.

– Верувам дека дојде време ЕУ да ја усогласи нашата амбиција со јасен политички сигнал: да започне со изготвување на Договорот за пристапување. Тоа би било признание за нашиот напредок и стратешка инвестиција, рече Милатовиќ.

Фото: МИА Архива 

Continue Reading

Претходно: СДСМ: Пропаднаа обидите и сценаријата да ја снема СДСМ, партијата се враќа само посилна
Следно: Извештај на ЕК: Македонските власти продолжија да работат на спроведување на реформите

Поврзани вести

Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

Шеталиште 07/10/2026 11:06
75492
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

Шеталиште 07/10/2026 07:06
policija-bt-1
  • Македонија

Претрес на дом и службени простории на виш јавен обвинител во ВЈО Битола, се сомничи за „примање награда за противзаконито влијание“

Шеталиште 07/10/2026 07:01
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп policisko-svetlo 1
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

07/10/2026 11:47
ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1 2
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

07/10/2026 11:06
Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник 75492 3
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

07/10/2026 07:06
Граната најдена во двор во Битола granata 4
  • Битола инфо

Граната најдена во двор во Битола

07/10/2026 07:04
Путин денес го слави својот 74-ти роденден 429740_russia-putin_f 5
  • Свет

Путин денес го слави својот 74-ти роденден

07/10/2026 07:03

Можеби сте пропуштиле

policisko-svetlo
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

Шеталиште 07/10/2026 11:47
Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

Шеталиште 07/10/2026 11:06
75492
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

Шеталиште 07/10/2026 07:06
horoskop-1-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (07.10.2026)

Шеталиште 07/10/2026 07:05

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани