НАЈНОВО

Битола инфоВести

Полициска акција во Битола: Шест малолетници пиеле алкохол, а еден затекнат на рулет

Во Сабота во периодот од 23.00 до 04.00 часот, полициски службеници од СВР Битола спровеле акциска контрола во казина, спортски обложувалници и угостителски објекти во Битола, соопшти МВР.

Притоа, во угостителски објект биле затекнати шест малолетници при консумирање алкохол, во угостителски објект бил затекнат малолетник по 00.00 часот и во казино бил затекнат малолетник како игра на рулет машина.

Малолетниците биле предадени на нивните родители, а по целосно документирање на случаите против сопствениците на објектите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани новости