НАЈНОВО

Битола инфоВести

Полицијата уапси 21 годишник од битолско – кај него биле пронајдени 13 паковки со марихуана

На 26.04.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода П.Т.(21) од с.Горно Оризари, битолско.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 13 паковки со марихуана, дигитална вага и други предмети.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости