Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо

Полиција во цивил ќе го чува училиштето „Стив Наумов“ во Битола — заканите од седмоодделенецот го вклучија алармот

Шеталиште 08/05/2026 10:10
bitola-1536x666

Полициски службеници во цивилна облека ќе го следат одвивањето на наставата во основното училиште „Стив Наумов“ во Битола, откако ученик од седмо одделение објави недолични и заканувачки пораки на социјалните мрежи, насочени кон соученици и нивните родители, пренесе СДК.

Мерката ја побарал Училишниот одбор, кој одржал вонредна седница откако родителите се вознемириле. Од училиштето уверуваат дека наставата ќе продолжи и дека институциите се вклучени во постапувањето.„Потенцираме дека нема место за паника во однос на безбедноста на учениците додека трае наставата. Сите инволвирани институции постапуваат согласно своите надлежности со цел целосна заштита и безбедност на сите ученици и вработени, како и непречено одвивање на воспитно-образовниот процес. Апелираме на воздржаност, разумност, смиреност, редовност и присуство на учениците во наставниот процес“, соопштија од Училишниот одбор.

Оттаму додаваат дека училиштето ги презело потребните чекори согласно Законот за основно образование и обврските што ги има како воспитно-образовна институција. За случајот навремено биле известени надлежните органи кои треба понатаму да го следат и да го решаваат. Во постапувањето е вклучен и Центарот за социјални работи, а на седницата на Училишниот одбор присуствувале и сите надлежни педагошки служби од училиштето.

По објавувањето на вознемирувачките содржини на социјалните мрежи, родителите на учениците испратиле претставка до Државниот просветен инспекторат. Училиштето, пак, го пријавило случајот во Центарот за социјални работи, СВР Битола и Подрачното одделение за образование.

Од „Стив Наумов“ посочуваат дека настанот се случил надвор од училиштето. Ученикот, пред извесен период, бил префрлен од едно во друго одделение со цел подобро да се вклопи во училишната средина. Сепак, подоцна дошло до несогласувања со новите соученици, по што реагирале нивните родители.

Потоа ученикот објавил недолични и заканувачки пораки на социјалните мрежи. За случајот завчера бил одржан и родителски состанок, на кој родителите на другите деца побарале ученикот да биде преместен од одделението.

По состанокот, на социјалните мрежи се појавиле и нови пораки од сосема други лица, со прогнози за одредени вознемирувачки настани. Тоа дополнително внело паника меѓу родителите чии деца учат во „Стив Наумов“.„Иако содржините не биле објавувани во рамките на училиштето, ниту за време на наставниот процес, случајот го пријавивме до надлежните институции за целосно да се испита“, рече директорот Никола Пискачев.

Од Обвинителството ги проверуваат наводите за случајот заедно со Центарот за социјални работи.

Continue Reading

Претходно: Пановски: Хантавирусот постои со векови, но не се шири лесно меѓу луѓе
Следно: Селекторот Лазаров објави со кои 20 ракометари ќе атакува на Словачка за пласман на СП 2027!!

Поврзани вести

160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
fk-pelister-tim-foto-1536x1047
  • Вести
  • Битола инфо
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер почнува со Камјани и завршува со Тетекс во првиот дел од ВМФЛ во сезона 2026/2027

Димитар Петковски 12/06/2026 13:37
reka-dragor-bitola
  • Битола инфо

Безживотно тело на 66 – годишен битолчанец извлечено од реката Драгор во Битола

Шеталиште 09/06/2026 11:56
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите paridenari10-1 1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

16/06/2026 14:18
Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања raboti-na-kompjuter-696x411 2
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

16/06/2026 14:07
Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути 160626-103 (1)-3 3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

16/06/2026 13:28
Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица 912-512-bebe-novorodeno 4
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

16/06/2026 12:15
Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ! img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682 5
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

16/06/2026 09:34

Можеби сте пропуштиле

paridenari10-1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

Шеталиште 16/06/2026 14:18
raboti-na-kompjuter-696x411
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

Шеталиште 16/06/2026 14:07
160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
912-512-bebe-novorodeno
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

Шеталиште 16/06/2026 12:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани