Состојки:
- 6 зелени или црвени пиперки
- 1 чаша ориз
- 1 морков (рендан)
- 1 тиквичка (ситно исечкана)
- 1 главица кромид
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажичка црвен пипер
- Сол, бибер, магдонос
- 400 мл доматен сос
Подготовка:
- На маслиново масло пропржи го кромидот, па додади морков и тиквичка.
- Стави го оризот и кратко промешај, па додади зачини и малку вода.
- Наполни ги пиперките со смесата и нареди ги во тава.
- Прелиј со доматен сос и печи околу 40 минути на 180°C.
Резултатот е ароматично и заситно јадење, кое одлично оди со свежа салата.
Фото: www.loveandlemons.com/

