Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Живот
  • Здравје

Полн грст бадеми штити од оксидативен стрес

Шеталиште 18/08/2025 12:57
Bademi

Јадењето најмалку 60 грама бадеми секој ден може да Ве заштити од оштетувањето на ДНК и од оксидативен стрес – еден од тивките виновници за стареењето, воспаленијата и хроничните заболувања, се нагласува во ново истражување – објавено во списанието „Сајентифик репортс“ (Scientific Reports). Во научниот труд, истражувачите собрале резултати од осум клинички испитувања за да го потврдат и разјаснат влијанието на бадемите кај возрасните луѓе.

Инаку, 60 грама бадеми се околу еден полн грст. Ова може некому да му изгледа многу, но истражувачите забележале јасна врска зависна од дозата: Учесниците кои консумирале повеќе од 60 грама бадеми дневно, покажале значително намалување на одредени маркери на оштетување на клетките. Прегледот на испитувањата имал за цел проценка и на влијанието на бадемите врз оксидативниот стрес. Се покажа дека јадењето бадеми може да ја подобри активноста на антиоксидантните ензими, особено Супероксид дисмутазата (СОД) – важен ензим којшто ги штити клетките од оштетување.

Сепак, нутриционистите предупредуваат дека ова е храна богата со калории и треба да се јаде умерено и рамномерно распоредена. Затоа, се препорачува како дел од урамнотежена исхрана, а не како додаток на калориите што веќе се внесуваат од другата храна.

Бадемите се богати со витамин Е, полифеноли и здрави масти – сите тие придонесуваат за антиинфламаторни и антиоксидантни дејства. Прегледот го истакнува потенцијалот на ова овошје како природен начин за борба против стресот на клеточно ниво. Сепак, научниците ја нагласуваат потребата од постандардизирани истражувања, бидејќи варијабилноста на резултатите била под влијание на неколку фактори, како што се начинот на подготовка на бадемите, здравствената состојба на учесниците и навиките во исхраната.

Continue Reading

Претходно: СДСМ: Обвинителството е на потег за милионските злоупотреби во Еразмус+ кои водат до ВМРО-ДПМНЕ
Следно: Лилјаците, „најнеправедно“ третираните животни на Земјата – човекот не смее да ги изгуби во природата

Поврзани вести

text___max_1003_564-28
  • Здравје

Д-р Трпчевски откри редок случај: Жена на 58 години остана бремена со тројка по ин витро оплодување

Шеталиште 09/06/2026 08:37
lovestori
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Македонија
  • Свет

Македонско запросување во Германија, Методија ја побара Наталија среде Лајпциг за жена!

Димитар Петковски 16/05/2026 09:49
featured-vietnamese-chicken-and-rice
  • Здравје

Што се случува со вашиот метаболизам ако секој ден јадете пилешко и ориз?

Шеталиште 14/05/2026 11:30
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега policija-8 1
  • Битола инфо

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега

17/06/2026 14:55
Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица Screenshot 2026-06-17 123422 2
  • Македонија

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица

17/06/2026 13:00
НБРМ ја зголеми основната каматна стапка 1-denari-pari-1 3
  • Економија

НБРМ ја зголеми основната каматна стапка

17/06/2026 12:48
Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски sv-mitrofan 4
  • Македонија

Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски

17/06/2026 07:19
Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер Oblacno-vreme-vo-skopje 5
  • Македонија

Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер

17/06/2026 07:18

Можеби сте пропуштиле

policija-8
  • Битола инфо

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега

Шеталиште 17/06/2026 14:55
img-89e590f70cfd8cba5dc679aafdbe70e1-v-696x522
  • Настани

Работилница за мозаик за млади во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

Шеталиште 17/06/2026 14:54
Screenshot 2026-06-17 123422
  • Македонија

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица

Шеталиште 17/06/2026 13:00
1-denari-pari-1
  • Економија

НБРМ ја зголеми основната каматна стапка

Шеталиште 17/06/2026 12:48

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани