Тетовска, Шкендија продолжува со победничката серија на почетокот на сезоната во ПМФЛ, откако ја запиша и петтата победа во првенството и има максимални 15 бодови. Шкендија и во првиот дел имаше шанси, преку Криезиу и преку Ибраими, но во двата наврати одбрани Џеков. Потоа Ибраими постигна гол кој беше поништен поради офсајд.
Лидерот на табелата дојде во предност во 53. минута. Ибраими нафрли, многу „гледачи“ на Силекс во петерецот, од каде Мелиќи усепа со глава да го совлада Џеков. Имаше потоа Силекс шанса преку Анѓелески, голманот Рамани не дозволи да биде совладан.
Во 88. минута Нзенгуе стави точка на победата. Доби одлична топка од Зејнулаи, излезе сам пред Џеков и пласираше мирно во мрежата за предност од 0-2 и за нова победа на Шкендија во првенството.
Фото ФФМ

