Силни дождови го зафатија регионот, Грција, Турција и Бугарија се најпогодени од поплавите, од кои има најмалку седум смртни случаи.
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека уште четири лица се водат како исчезнати по поплавата што го зафати кампот во провинцијата Киркларели околу границата со Бугарија. Во моментот кога надошла водата 12-мина туристи биле на местото на поплавата.
Најмалку две лица починаа во истанбул,силниот дожд поплави улици и домови во две населби.денеска продолжува вонредната состојба долж јужниот брег на црното море, по поплавата.
Ден на жалост е прогласен во Царево во спомен на жртвите од водната катастрофа. Засега се потврдени две жртви, а има информации и за уште тројца исчезнати. Во знак на сочувство, во Бургас и Приморско откажани се прославите за 6 септември.невидени количини на врнежи во регионот ги потопија одморалиштата јужно од Бургас.
Најсериозно беа погодени Царево, камповите Нестинарка и Арапја, Лозенец, Ахтопол, Варвара и селото Странџа кости, каде наврнаа над 320 литри на метар квадратен. Денеска започнува и расчистувањето на погодените подрачја. Штетата е во милиони. Има разнесени мостови и уништени патишта.Војската, исто така, влегува да помогне. Волонтери од целата земја се вклучени во помош на погодените од водната катастрофа.. Има и предупредување да не се влегува во море во наредните 48 часа, како и да не се користи водата од чешмите за пиење.
Во Грција, полицијата го забрани сообраќајот во централниот град Волос, блискиот планински регион пилион и одморалиштето на островот Скијатос бидејќи рекордните врнежи предизвикаа најмалку еден смртен случај.
„Зборуваме за појава со 500 тони вода по акр. односно, зборуваме за незамисливи работи кои досега не сме ги виделе. чистењето на бунарите нема да помогне многу. дадени се точни инструкции, граѓаните ги следеа точните инструкции, додека во другите случаи да потсетиме со многу малку помалку врнежи имавме жртви. другите големи инфраструктурни проблеми засега не се евидентирани. сега очигледно ќе има проблеми со куќите, ќе влезат во процес на обесштетување, во очекување на проценката на штетата на производството за да видиме што можеме да направиме.“-Макис Воридис, државен министер.
Продолжува влијанието на силен циклон во Грција, лошото време ќе трае до четврток. Најинтензивно невреме и врнежи се очекуваат во Тесалија, во олимпискиот регион, на евија и во поширокото подрачје на Лариса и Волос, како и на централниот брег на Егејското море.во овие предели се очекуваат многу силни грмежи со исклучително пороен дожд.
Во Солун и Халкидики, области каде што има многу наши туристи, до четврток ќе има чести врнежи од дожд и грмежи, додека туристите во олимпискиот регион треба да бидат особено внимателни и да не ја посетуваат Тесалија, поради можни разорни последици од невремето.Од петок се очекува стабилизирање на временските услови.

