Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија со убедлив пораз го стартуваше новото издание од Лигата на нации

Димитар Петковски 27/09/2026 05:02
img_3762-1536x1110

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз од 0-3 против Швајцарија го започна настапот во новото издание на Лигата на нации. Репрезентацијата не успеа да му се спротивстави на квалитетниот противник, кој во текот на целиот натпревар имаше контрола и заслужено стигна до убедлив триумф.

Швајцарија од самиот почеток ја презеде иницијативата и веднаш ја стави македонската одбрана под притисок. Дан Ндоје беше меѓу првите што се закани, а во деветтата минута Зеки Амдуни имаше одлична можност за водство. Напаѓачот влезе во шеснаесетникот и покрај тоа што околу него имаше неколку македонски фудбалери успеа да шутира, но топката заврши покрај голот.

Амдуни повторно беше опасен во 13. минута, но и овојпат не погоди. Македонија возврати три минути подоцна преку Матеј Гаштаров, кој се обиде со удар од поголема дистанца, но без прецизност.

Швајцарците го крунисаа подобриот старт во 22. минута. По серијата додавања и притисок пред голот на Столе Димитриевски, топката стигна до Ремо Фројлер, кој од околу 12 метри прецизно ја смести во мрежата за 0-1.

Гостите не се повлекоа по постигнатиот гол. Напротив, продолжија да атакуваат, а Димитриевски мораше да интервенира по ударот на Манзамби. Во 27. минута Македонија ја спаси стативата, Дан Ндоје шутираше по новата акција, но топката заврши во дирекот откако интервенираше и Димитриевски.

До паузата, Димитриевски уште еднаш ја одржуваше Македонија во игра. Во 39. минута Јохан Манзамби упати прецизен удар кон горниот десен агол, но македонскиот голман со одлична парада успеа да одбрани и да исфрли во корнер.

Сепак, ниту Димитриевски не можеше да го спречи вториот гол. Во 42. минута Атекаме испрати одлична топка од десната страна, а Амдуни без поголеми проблеми ја реализираше шансата од прва за 0-2.

Веднаш по паузата следуваше контроверзна ситуација. По стартот на Матеј Гаштаров, судијата Даниел Шлагер првично му покажа директен црвен картон. По прегледот и интервенцијата од ВАР, германскиот арбитар ја промени одлуката и го санкционираше македонскиот репрезентативец само со жолт картон.

Швајцарија продолжи да го диктира темпото и во вториот дел. Во 64. минута Дан Ндоје се најде сам пред Димитриевски, но нашиот голман повторно одлично реагираше и спречи нов погодок.

Третиот гол, сепак, стигна во 74. минута. Зеки Амдуни по вторпат во вечерта го совлада Димитриевски и ја зголеми предноста на 0-3.

Напаѓачот на Швајцарија можеше да стигне и до хет-трик во 81. минута, но Димитриевски повторно беше на висината на задачата и со добра интервенција го спречи четвртиот погодок.

До крајот немаше промена на резултатот, па Швајцарија со убедливи 0-3 ги освои бодовите, додека Македонија ќе мора да го бара првиот позитивен резултат во продолжението од циклусот, на гостувањето во Љубљана против Словенија.

МАКЕДОНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА 0-3 (0-2)

Национална Арена „Тодор Проески“. Гледачи: 15.000. Судија: Даниел Шлагер (Германија). Стрелци: Фројлер 22′, Амдуни 42′, 74′ (Швајцарија). Ж. картони: Илиевски, Барди, Гаштаров, Омерагиќ (Македонија)

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Илиевски (75′ Стојчевски), Муслиу, Зајков (56′ Мељиќи), Херера, Гаштаров, Костадинов (46′ Елези), Барди, Елмас, Миовски (56′ Омерагиќ), Растодер (46′ Митровски).

Селектор: Гоце Седлоски

ШВАЈЦАРИЈА: Кобел, Атекаме, Елведи, Аканџи, Родригез (63′ Бричги), Јашари, Фројлер, Ридер (76′ Санчес), Ндоје (76′ Абишер), Манзамби (63′ Соу), Амдуни (86′ Ботели).

Селектор: Мурај Јакин

Continue Reading

Претходно: Саботно кафе во Прилеп (26.09.2026)
Следно: Денеска е Крстовден – Воздвижение на Чесниот крст

Поврзани вести

image-66-1024x768
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

Шеталиште 12/10/2026 12:43
nikoloski-so-zname-696x464
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

Шеталиште 12/10/2026 12:41
24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

Димитар Петковски 12/10/2026 10:26
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол image-66-1024x768 1
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

12/10/2026 12:43
За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски nikoloski-so-zname-696x464 2
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

12/10/2026 12:41
Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода 24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

12/10/2026 10:26
“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео) Screenshot_20261012_065715_Facebook 4
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

12/10/2026 05:15
МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув Screenshot_20261011_110530_Facebook 5
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

11/10/2026 09:13

Можеби сте пропуштиле

image-66-1024x768
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

Шеталиште 12/10/2026 12:43
nikoloski-so-zname-696x464
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

Шеталиште 12/10/2026 12:41
valerija-damcevska
  • Настани

Валерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“

Шеталиште 12/10/2026 12:40
24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

Димитар Петковски 12/10/2026 10:26

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани