Поранешните директори на средното економско училиште „Јане Сандански“ и основното училиште „Тодор Ангелевски“ во Битола, Александар Цветкоски и Љубица Стерјева, ќе бидат дел од листата за советници на ЛДП Битола на претстојните локални избори.
Зад двајцата кандидати стои повеќедецениска успешна работа во образованието и бројни реализирани проекти. Во нивниот мандат, средното економско училиште беше целосно реновирано со инвестиција од 100.000 евра, додека во ОУ „Тодор Ангелевски“ по цели 40 години беа реконструирани спортските терени со инвестиција од 90.000 евра.
По завршувањето на нивното директорување, двете училишта беа оставени во одлична финансиска состојба и без никакви долгови.
ЛДП Битола порача дека со вакви кадри на својата листа ја потврдува посветеноста кон квалитетното образование и одговорното управување со јавните ресурси.
Фото: ЛДП Битола

