Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани

Поседувај го своето тело онлајн – кога модата станува глас за достоинство и дигитална слобода

Шеталиште 03/11/2025 10:27
Screenshot

Во рамки на 31-то издание на Fashion Weekend Skopje powered by UniBank, вечерта на 31 октомври беше посветена на проект што ги спојува модата, одржливоста и човековите права во еден храбар чин на моден активизам во рамки на кампањата на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) bodyright, реализиран во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија.

bodyright е глобална иницијатива што се бори против онлајн насилството и претставува првиот “copyright” што бара права на заштита од дигитално насилство. Основата на оваа кампања е симболот на bodyright – ⓑ.

Кампањата bodyright бара телото да добие иста правна заштита во дигиталниот свет, каква што имаат музиката, филмот или трговските марки.

Затоа што понижувањето и деградацијата на телата во сајбер просторот не се слобода, тие се форма на насилство што мора да престане.

Во дигиталната реалност што нè опкружува, технологијата сè почесто се користи како оружје. Жените, девојките и ранливите заедници најчесто се мета на онлајн злоупотреба од неовластено споделување фотографии до deepfake-содржини и дигитално вознемирување. bodyright е одговор на оваа реалност, културен и етички повик да го заштитиме човечкото достоинство и во виртуелниот свет.

Колекцијата беше создадена во дијалог со глобалното движење – bodyright, како копродукција на дизајнерката Ангела Бикова (С. Македонија), Карол Фариас и Шпанската асоцијација за одржливост, иновации и циркуларност во модата (SICModa), со креативна консултација на Палома Гарсија Лопез, визионерка и лидерка на Circular Sustainable Fashion Week Madrid и Fashion Revolution Madrid. Проектот е поддржан од Амбасадата на Шпанија, УНФПА и Fashion Weekend Skopje, како и EPTISA и ја промовира пораката за инклузија, прифаќање и телесна автономија како суштински вредности на современото општество.

Upcycling-колекцијата претставува визуелен и концептуален одговор на прашањето: како изгледа достоинството кога ќе го облечеме?

На пистата, ткаенините станаа приказни сошиени од отпор, издржливост и надеж.

Инклузивните модели , жени со различни способности, форми и животни приказни ја засилија пораката дека модата припаѓа на сите, без исклучок.

Музиката за ревијата ја создаде Gloomie, спојувајќи македонска и шпанска сензибилност во современ звучен мост што го заокружи концептот на телото како уметност, но и како отпор.

Во официјалниот дел на отворањето говореа Амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз, и Афродита Шаља, Шефица на канцеларија на УНФПА во СевернаМакедонија, кои ја истакнаа важноста на креативните иницијативи што преку уметноста ја промовираат еднаквоста, инклузијата и безбедноста на жените во дигиталниот простор.

„bodyright е повик да размислиме како ги третираме телата – своето и туѓите – и во реалниот и во виртуелниот свет,“ изјави Афродита Шаља.

„Оваа иницијатива ја симболизира културната соработка и вредностите што ги споделуваме – почит, слобода и достоинство,“ додаде амбасадорот Ортиз.

Со bodyright Fashion Weekend Skopje уште еднаш ја потврди својата улога како платформа што ја спојува модата со општествената свест, создавајќи сцена каде што облеката станува израз на став, а модата место на еднаквост и достоинство.

Погледнете го краткиот филм за проектот тука 🔗

Screenshot
bodyright 5
Screenshot
Screenshot
bodyright photo 4
bodyright photo 5
Screenshot
Screenshot
Bodyright1
Bodyright2
Bodyright3
GCB_3862
GCB_4518
IMG_6492
IMG_6493
IMG_6494
IMG_6604
Амбасадор на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз

Continue Reading

Претходно: Fashion Weekend Skopje 31: Ден на младите визии, текстилните метаморфози и урбаната елеганција
Следно: Петтиот ден на FWSK31: Од булинг до убавина, модата како јазик на промена

Поврзани вести

20261009075207_big_730x400_32
  • Настани

Во Битола на „Интерфест“ музички рецитал со францускиот пијанист Иг Леклер

Шеталиште 09/10/2026 06:40
capture-6
  • Настани

„Поетскиот слем Македонија“ по 16. пат во Прилеп

Шеталиште 08/10/2026 13:42
prilep-jaz
  • Настани

Петнаесет години џез во Прилеп: Сетстат и Пијан Славеј на јубилејната сцена

Шеталиште 29/09/2026 08:37
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани prilep-programa 1
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

09/10/2026 14:57
БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога image (12) 2
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

09/10/2026 08:51
Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени 20261009093329_big_730x400_98 3
  • Македонија

Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени

09/10/2026 07:56
Битолската акумулација „Стрежево“ порибена со 250 килограми крап 20261009093754_big_730x400_97 4
  • Битола инфо

Битолската акумулација „Стрежево“ порибена со 250 килограми крап

09/10/2026 07:52
Продолжен викенд пред нас, следува уште еден znamee-1 5
  • Македонија

Продолжен викенд пред нас, следува уште еден

09/10/2026 07:44

Можеби сте пропуштиле

prilep-programa
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

Шеталиште 09/10/2026 14:57
1_-_
  • Промо

Од идеја до реализација: Октомври е за следниот бизнис чекор

Шеталиште 09/10/2026 11:24
image (12)
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

Шеталиште 09/10/2026 08:51
20261009093329_big_730x400_98
  • Македонија

Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени

Шеталиште 09/10/2026 07:56

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани