Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Последен ден за пријавување за инвестирање во зелена обврзница

admin 02/10/2023 00:00

До крајот на овој работен ден граѓаните и фирмите кои имаат интерес во вложување на своите средства во зелена обврзница тоа можат да го сторат преку барање за учество на аукцијата преку комерцијалните банки. Аукцијата е закажана за утре. Обврзницата е во износ од 10 милиони евра, а каматната стапка изнесува 4,75 отсто. Парите кои ќе ги собере државата, ќе бидат наменети за проекти во кои ќе се вложува од областа на зелената енергија. Ова за надлежните е уште еден механизам за развој на домашната економија но и поддршка за домаќинствата.

Граѓаните и компаниите утре на располагање ќе имаат 10 милиони евра од зелената обврзница преку која државата сака да го зголеми интересот за инверстирање во обновливи извори.

Оптимизмот дека овој нов метод на инвестирање ќе се покаже успешен ги прави надлежните повеќе од сигурни по успешното промовирање на граѓанската обврзница за која имаше солиден интерес кај населението. Од министерството за финансии велат дека целта на Зелената обврзница е да се постигне забрзан економски раст. Пред се да се мобилизира приватниот сектор и да се стави нивниот капитал во функција на развој на државата. Парите кои ќе се соберат од оваа обврзница ќе бидат вложени во капитални проекти од областа на зелената енергија.

„Со вложувањето во оваа обврзница, всушност се инвестира во развојот и поддршката на зелените инвестиции планирани во државната каса. Како што наведе Бесими, „со инвестирање, односно купување зелена обврзница, директно се поддржува развојната компонента во Буџетот, односно зелени инвестиции насочени кон заштита на животната средина“, велат од министерството за финансии.

Според последното истражување на Светскиот економски форум, главните ризици со кои ќе се соочува светот и натаму остануваат климатските промени и геополитичките фрагментации.

Народната банка е редовен учесник на настани поврзани со инвестициски фондови за зелен раст. На тие собири каде учествуваат значајни луѓе од бизнис светот и експерти од областа на финансиите можат да се забележат заклучоци кои велат дека токму климатските промени го намалуваат глобалниот економски раст за речиси половина процентуален поен. Како негативни влијанија на настанот се потенцираа се почестите суши, топлотните бранови и поплавите. Од Народната банка велат дека многу е важно ефектите од климатските промени да се стават во дел од водењето политики на централните банки во државите, со образложение дека помалку развиените економии се доста почувствителни на климатските ризици, а дополнително и немаат соодветни фискални и финансиски ресурски за нивно ублажување.

„Ова е особено важно прашање за нас, како и за централните банки во глобални рамки, поради можните ефекти на климатските промени врз финансиската стабилност, но и врз стабилноста на цените, имајќи предвид дека сѐ почестите природни катастрофи доведуваат до шокови на страната на понудата и засилена пазарна неизвесност. Нашите заложби во доменот на зелените финансии ќе се засилат во наредниот период во согласност со неодамна донесениот Среднорочен план за активностите на Народната банка во доменот на управувањето со ризиците поврзани со климатските промени за периодот 2023 ‒ 2025 година“, велат од Народната банка.

За овој месец од министерството за финансии најавија и нова Граѓанска обврзница која ќе вреди 10 милиони евра. Во јуни државата преку првата Граѓанска обврзница се задолжи 25 милиони евра, парите треба да ги врати за две години, а каматата која ќе ја добијат граѓаните изнесува пет отсто на годишно ниво.

Continue Reading

Претходно: Дневен хороскоп (02.10.2023)
Следно: Дали ги знаете сите придобивки од циметот?

Поврзани вести

avion-2
  • Македонија

Продолжува евакуацијата: Денеска нов лет од Дубаи кон Скопје

Шеталиште 17/03/2026 09:15
venera-planeta
  • Вести
  • Свет

Русија се враќа на Венера

Шеталиште 16/03/2026 17:36
AEK
  • Вести
  • Македонија

АЕК предлага побрз широкопојасен интернет во рамките на универзалната услуга

Шеталиште 16/03/2026 17:33
300 x 250 px gold bonus programa
-_
travel 300 x 250 (1)
300 x 300
777 300 x 250
Cabaret-Gold

Тренд Вести

Продолжува евакуацијата: Денеска нов лет од Дубаи кон Скопје avion-2 1
  • Македонија

Продолжува евакуацијата: Денеска нов лет од Дубаи кон Скопје

17/03/2026 09:15
Русија се враќа на Венера venera-planeta 2
  • Вести
  • Свет

Русија се враќа на Венера

16/03/2026 17:36
АЕК предлага побрз широкопојасен интернет во рамките на универзалната услуга AEK 3
  • Вести
  • Македонија

АЕК предлага побрз широкопојасен интернет во рамките на универзалната услуга

16/03/2026 17:33
СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите предлог- законски решенија за запирање на кризата со цените sdsm 4
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите предлог- законски решенија за запирање на кризата со цените

16/03/2026 17:32
Од утре дожд и пониски температури dozd 5
  • Вести
  • Македонија

Од утре дожд и пониски температури

16/03/2026 17:30

Можеби сте пропуштиле

avion-2
  • Македонија

Продолжува евакуацијата: Денеска нов лет од Дубаи кон Скопје

Шеталиште 17/03/2026 09:15
venera-planeta
  • Вести
  • Свет

Русија се враќа на Венера

Шеталиште 16/03/2026 17:36
chat-gpt-pexels-1068x712
  • Живот
  • Технологија

ЧетГПТ помогнал во создавање револуционерен третман за рак

Шеталиште 16/03/2026 17:35
AEK
  • Вести
  • Македонија

АЕК предлага побрз широкопојасен интернет во рамките на универзалната услуга

Шеталиште 16/03/2026 17:33

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани