Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Последните три дена КС Групацијата ги посвети на меѓународниот ден на жената 8-ми март

admin 08/03/2024 00:00
donirame-scaled

По повод меѓународниот ден на жената 8-ми март компаниите на КС Групацијата (Голд Фелициа, Голд Слот, Евротип, КС Сервис и Премиум Сејфти Солушн) организираа неколку активности во духот на општествената одговорност. Секоја жена, мајка, девојка заслужува признание за својата улога во обликувањето на општеството и за придонесот кој го дава секој ден.

Компаниите од КС Групацијата постојано ги поддржуваат и охрабруваат жените, бидејќи токму тие се двигател на промени од социјален и економски аспект.

Една од тие активности беше поддршката на Голд Фелициа за Конкурсот на Краток Расказ кој 11та година по ред го организира Организацијата на жени од Битола во соработка со НУ Универзитетска Библиотека Св.Климент Охридски – Битола. Темата на конкурсот беше ,,И цвеќе и шлаканица”.

Беа доделени по 3 награди во двете категории – категорија ученици и категорија возрасни.

Претставници од канцелариите на дирекцијата на КС Групација беа присутни на настанот и му ги доделија наградите на среќните добитнички.
На 7-ми март претставнички од канцелариите на дирекцијата на КС Групација присуствуваа на панел дискусија на тема: „Успехот не е случајност. Жените инспирираат и создаваат!“ во организација на Советот за женско претприемништво на општина Битола која се одржа во Офицерскиот Дом. Целта на настанот беше да се прослават жените во бизнисот, достигнувањата на жените, а со тоа да се подигне свеста против дискриминацијата и да се преземаат акции за поттикнување на родовата еднаквост.

На 8-ми март Голд Фелициа донираше професионален инхалатор на клиничката болница “Д-р Трифун Пановски” на одделот Педијатрија. Инхалаторот беше купен со парите од Новогодишниот хуманитарен базар кој се одржа во луксузниот амбиент на Голд Фелициа. Хуманитарниот базар беше организиран во соработка со Ротари Клубот – Битола Широк Сокак и приватната детска градинка Мали Чекори. Инхалаторите ќе бидат од голема важност при секојдневното работење со малите пациенти.

Нашата групација сака да биде пример за сите останати компании и со личен пример да поттикне промени во општеството. Менаџерскиот тим на групацијата сака да акцентира дека “Нашето малку за некого е многу” и повикува на поголема општествена одговорност кај сите компании.
Празнувајте ја Женската Сила секој ден!

Continue Reading

Претходно: Од понеделник ДСЗИ во засилени контроли: нецелосно вакцинирани и невакцинирани деца со дитепер не смее во градинка
Следно: Од денес во градинките забрана на прием на деца кои не се вакцинирани со ДиТеПер

Поврзани вести

20261117090348_big_730x400_2
  • Македонија

Николоски: Владата стратешки инвестира големи средства за развојот на коридорите 8 и 10

Шеталиште 17/11/2026 08:18
Pc36a-policija-soobrakajna-nesreka-701x549-2
  • Македонија

Македонија со 78 загинати во сообраќајни несреќи на милион жители, европскиот просек е 45

Шеталиште 17/11/2026 08:12
crkva-1-1
  • Македонија

Денеска се празнува споменот на Преподобен Јоаникиј Велики

Шеталиште 17/11/2026 08:11
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Николоски: Владата стратешки инвестира големи средства за развојот на коридорите 8 и 10 20261117090348_big_730x400_2 1
  • Македонија

Николоски: Владата стратешки инвестира големи средства за развојот на коридорите 8 и 10

17/11/2026 08:18
Македонија со 78 загинати во сообраќајни несреќи на милион жители, европскиот просек е 45 Pc36a-policija-soobrakajna-nesreka-701x549-2 2
  • Македонија

Македонија со 78 загинати во сообраќајни несреќи на милион жители, европскиот просек е 45

17/11/2026 08:12
Денеска се празнува споменот на Преподобен Јоаникиј Велики crkva-1-1 3
  • Македонија

Денеска се празнува споменот на Преподобен Јоаникиј Велики

17/11/2026 08:11
Денеска сончево и топло време со температури од 15 до 20 степени esen 4
  • Македонија

Денеска сончево и топло време со температури од 15 до 20 степени

17/11/2026 08:10
Во Битола се одржа спортско-едукативниот настан „Фер-плеј на теренот и во животот“ Во Битола се одржа спортско-едукативниот настан „Фер-плеј на теренот и во животот“ 5
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола се одржа спортско-едукативниот настан „Фер-плеј на теренот и во животот“

17/11/2026 07:51

Можеби сте пропуштиле

20261117090348_big_730x400_2
  • Македонија

Николоски: Владата стратешки инвестира големи средства за развојот на коридорите 8 и 10

Шеталиште 17/11/2026 08:18
Pc36a-policija-soobrakajna-nesreka-701x549-2
  • Македонија

Македонија со 78 загинати во сообраќајни несреќи на милион жители, европскиот просек е 45

Шеталиште 17/11/2026 08:12
crkva-1-1
  • Македонија

Денеска се празнува споменот на Преподобен Јоаникиј Велики

Шеталиште 17/11/2026 08:11
esen
  • Македонија

Денеска сончево и топло време со температури од 15 до 20 степени

Шеталиште 17/11/2026 08:10

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани