Состојки:
- 250 г брашно
- 500 мл минерална вода (или обична)
- 2 лажици масло
- Прстофат сол
- По желба: малку ванила или кора од лимон за арома
Подготовка:
- Во сад измешај го брашното со солта.
- Додај постепено вода и мешај со жица за да нема грутки.
- Стави масло и промешај.
- Загреј тава, намачкај ја со малку масло и печи тенки палачинки од двете страни.
Совет:
- Ако сакаш да бидат уште поеластични, користи газирана минерална вода.
- Можеш да ги полниш со мармалад, мед, посно чоколадо, ореви, лешници или посен еурокрем.
фото: www.thekitchn.com

