Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Комората на извршители и Министерството за правда

Шеталиште 06/10/2025 11:38
20251006130206_big_730x400_23

Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување Никола Мемов, министерот за правда Игор Филков и претседателката на Комората на извршители Весна Деловска потпишаа Меморандум за соработка со цел зголемување на ефикасноста во работата и оптимизација на ресурсите на Фондот на ПИОМ, доследна примена на законот за извршување и транспарентност на процесот.

Со Меморандумот, како што информираат од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, се уредува начинот на соработка помеѓу Фондот и Комората преку контрола, електронско разменување на податоци за лицата-должници за кои е поведена постапка за присилно извршување пред надлежен извршител.

-Со потпишувањето на овој Меморандум правиме чекор напред во зголемувањето на ефикасноста во работата на Фондот, бидејќи досега трошевме ресурси и луѓе за спроведувањето на налозите од извршителите. Со него ќе се овозможи подобра и побрза размена на податоците кои им се потребни на извршителите и се исклучува влијанието на човечкиот фактор во постапката, рече директорот на Фондот, Мемов.

То додаде дека со примената на Меморандумот ќе се намали и потребата Фондот да одговара на разни прашања и барања од интерес на извршителите, а кои на месечно ниво се повеќе од 2000. Отсега извршителите ќе можат овие информации сами да ги обезбедат од системот на Фондот.податоците на Фондот преку порталот на владата uslugi.gov.mk, со што ќе се придонесе во поефикасното извршување на налозите, ќе се оневозможат грешки и ќе се воспостави ред во извршувањето на истите, рече Деловска.

-Со потпишувањето на овој Меморандум се штити и буџетот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување од наплата на средстсва од страна на извршителите, кои согласно член 146 од Законот за извршување, можат да ги наплатат од Фондот во име на пензионерите како должници, потенцира Мемов.

-Како Комора на извршители многу сме задоволни што директорот на Фондот, Мемов веднаш ја прифати иницијативата со која извршителите ќе имаат електронски начин на пристап до податоците на Фондот преку порталот на владата uslugi.gov.mk, со што ќе се придонесе во поефикасното извршување на налозите, ќе се оневозможат грешки и ќе се воспостави ред во извршувањето на истите, рече Деловска.

Меморандумот овозможува извршителите сами, директно да ги внесуваат налозите за извршување во системот на ПИОМ, по претходно донесено извршно решение. Извршителите се носители на јавни овластувања и како што имаат можност да ги внесуваат налозите за извршување во банките за сите граѓани, сега таа можност ќе ја имаат и за пензионерите во системот на Фондот на ПИОМ. Со ова се придонесува за доследна примена на Законот за извршување.

Претседателката на Комората на извршители, Весна Деловска изрази задоволство од потпишувањето на Меморандумот за соработка, бидејќи меѓу другото ќе се воспостави ред во извршувањето.

-Склучувањето на овој Меморандум за поблиска соработка помеѓу Фондот, Комората и Министерството за правда придонесува во зајакнувањето на институционалната соработка, намалувањето на административните пречки и се гарантира фер и законито постапување, нагласи министерот за правда Филков.

Со Меморандумот се предвидува извршителите да имаат авторизиран пристап на порталот на Фондот и да можат самостојно да ги користат податоците коишто им се потребни согласно законските надлежности и јавните овластувања пренесува миа.

Фото: Фонд на ПИОМ

Continue Reading

Претходно: Кремаста паста со бел сос и печурки
Следно: ВМФЛ:Новаци славеше на гостувањето во Ресен, лидерот Брегалница киксна против Охрид

Поврзани вести

znamee-1
  • Македонија

Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

Шеталиште 07/09/2026 07:58
Svekji-Crkva-2_1000x666-1
  • Македонија

Денеска се празнува пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј

Шеталиште 07/09/2026 07:56
mariovo-pozar
  • Македонија

Активни пет пожари на отворен простор, 32 изгаснати во изминатото деноноќие

Шеталиште 07/09/2026 07:27
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично 3policija-420x240-138854-1 1
  • Регион

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично

07/09/2026 11:07
Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар gorivo-pumpa-750x350-2 2
  • Економија

Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар

07/09/2026 11:04
Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд znamee-1 3
  • Македонија

Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

07/09/2026 07:58
Денеска се празнува пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј Svekji-Crkva-2_1000x666-1 4
  • Македонија

Денеска се празнува пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј

07/09/2026 07:56
Активни пет пожари на отворен простор, 32 изгаснати во изминатото деноноќие mariovo-pozar 5
  • Македонија

Активни пет пожари на отворен простор, 32 изгаснати во изминатото деноноќие

07/09/2026 07:27

Можеби сте пропуштиле

3policija-420x240-138854-1
  • Регион

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично

Шеталиште 07/09/2026 11:07
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар

Шеталиште 07/09/2026 11:04
znamee-1
  • Македонија

Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

Шеталиште 07/09/2026 07:58
Svekji-Crkva-2_1000x666-1
  • Македонија

Денеска се празнува пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј

Шеталиште 07/09/2026 07:56

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани