Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Економија

Починати и иселени земале државна помош – Откриени над 4.500 лажни корисници на социјална помош

Шеталиште 06/10/2026 11:23
denari-plata-600x360_1000x666-1

Повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност за кои, според премиерот Христијан Мицкоски, било утврдено дека не требало да примаат средства, се откриени во досегашните проверки на системот.

Мицкоски тврди дека меѓу лицата за кои државата исплаќала средства имало починати лица, иселени граѓани, но и фиктивни корисници.

– До овој момент имаме повеќе од 4.500, значи не 45, не 450, туку 4.500 лажни корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност, рече Мицкоски.

Според премиерот, по направените анализи и теренските проверки, износот на средствата предвидени за исплата овој месец е за околу 200 милиони денари помал во споредба со истиот месец минатата година.

– Како е тоа возможно? Возможно е затоа што корисници биле, за жал, починати луѓе, отселени луѓе, лажни луѓе и така натаму, изјави Мицкоски.

Тој процени дека на годишно ниво од државниот буџет биле издвојувани повеќе од една милијарда, а можеби и до 1,5 милијарди денари за исплати на вакви корисници или околу 25 милиони евра.

Проверките, како што посочи премиерот, сè уште не се завршени. Останува да бидат проверени уште приближно една петтина до една шестина од вкупниот број корисници.

Мицкоски најави дека контролите нема да завршат со системот за гарантирана минимална помош и социјална сигурност. Според него, слични проверки ќе опфатат и други области, вклучително и здравството, каде што, како што тврди, исто така постојат можности за заштеда на јавни средства.

Премиерот проверките ги оцени како реформа со потенцијален финансиски ефект од околу 25 милиони евра годишно.

– Некој ќе рече: „Добро, па тоа е една обична проверка, за каква реформа зборувате“? Реформа која е 25 милиони евра, рече Мицкоски.

Тој додаде дека доколку слични заштеди се постигнат и во други области, ослободените средства би можеле да се пренасочат кон капитални инвестиции, со кои, според него, би се создале услови за привлекување нови инвестиции пренесува скопјеинфо.

Continue Reading

Претходно: Никола Пројчевски: „Сите ликови и настани се слика на она што го живееме“
Следно: Усвоени измените за боледувањата: Се воведуваат повеќе олеснувања за осигурениците

Поврзани вести

sostanok Regionalna komora Bitola
  • Вести
  • Битола инфо
  • Економија

Регионалната комора иницира нови партнерства за посилна бизнис-заедница и општествен развој на Битола

Васка М.Младеновска 10/11/2026 07:19
inflacija-1.jpg
  • Економија

Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто

Шеталиште 09/11/2026 12:12
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Пад на цените на горивата: Поевтини бензините и дизелот

Шеталиште 09/11/2026 12:05
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Новиот предводник на женската сениорска репрезентација: „Создавањето конкурентна репрезентација е процес кој бара време, трпение, доверба и континуитет“ Screenshot_20261110_105635_Facebook 1
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

Новиот предводник на женската сениорска репрезентација: „Создавањето конкурентна репрезентација е процес кој бара време, трпение, доверба и континуитет“

10/11/2026 09:57
МОН: Светскиот ден на науката 10 Ноември го одбележуваме со нотиран прогрес во научно-истражувачката работа МОН: Светскиот ден на науката 10 Ноември го одбележуваме со нотиран прогрес во научно-истражувачката работа 2
  • Вести
  • Македонија

МОН: Светскиот ден на науката 10 Ноември го одбележуваме со нотиран прогрес во научно-истражувачката работа

10/11/2026 09:46
Се празнува Света Петка Икониска – Празник со силна порака за добрина и милосрдие 82460 3
  • Македонија

Се празнува Света Петка Икониска – Празник со силна порака за добрина и милосрдие

10/11/2026 08:03
Седници на две собраниски комисии Zgrada-na-Sobranieto 4
  • Македонија

Седници на две собраниски комисии

10/11/2026 08:01
Денеска променливо облачно време со сончеви периоди oblacno-vreme-1 5
  • Македонија

Денеска променливо облачно време со сончеви периоди

10/11/2026 07:57

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20261110_105635_Facebook
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

Новиот предводник на женската сениорска репрезентација: „Создавањето конкурентна репрезентација е процес кој бара време, трпение, доверба и континуитет“

Димитар Петковски 10/11/2026 09:57
МОН: Светскиот ден на науката 10 Ноември го одбележуваме со нотиран прогрес во научно-истражувачката работа
  • Вести
  • Македонија

МОН: Светскиот ден на науката 10 Ноември го одбележуваме со нотиран прогрес во научно-истражувачката работа

Васка М.Младеновска 10/11/2026 09:46
Премиера на претставата „Татко“ од Август Стриндберг во Битолскиот театар
  • Театар

Премиера на претставата „Татко“ од Август Стриндберг во Битолскиот театар

Васка М.Младеновска 10/11/2026 09:30
Gold Felicia Italian week
  • Промо

Вкусовите на Италија пристигнуваат во Голд Фелициа – Битола!

Шеталиште 10/11/2026 08:49

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани