Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Почина Мирко Попов

admin 24/03/2024 00:00
mirko-popov-1068x712-1

Денеска по кусо боледување на 51-годишна возраст почина познатиот и влијателен музичар, диџеj, композитор, текстописец, издавач и продуцент Мирко Попов.

Мирко Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“.

Во официјалното соопштение за неговиот животен пат се наведува дека тој почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите роденденски диџеј сетови во раните 80-ти години на 20тиот век. Неколкуте авангардни музички револуции во 80-тите, но и неверојатно високиот квалитет на поп музиката од тоа време помагаат да развие здрава љубопитност, разнолик музички вкус и ориентација кон постојан прогрес, што ќе се одрази пресудно во понатамошните одлуки.

Првиот професионален диџеј букинг го добива во 1992 година и оттогаш не престанува со настапи. Истата година добива простор во култното скопско музичко радио Канал 103, што е еден од клучните моменти во неговиот развој како личност и музичар. „Слободното изразување, кое е основна филозофија на оваа радио станица може да направи чуда со човек“, велеше Попов. Од 2008-ма до 2010-та година е и главен и одговорен уредник на Канал 103.

Во 1993 е во епицентарот на македонската техно-културна револуција, ставајќи го Скопје на мапата на ова современо движење. Канал 103 е главниот катализатор и на овој модерен восклик на новата генерација. Во тој правец се движи и формирањето на ПМГ Колективот во 1995-та од Мирко Попов (и Александра Малевски), како манифест на акцијата која треба да го победи незадоволството од актуелната состојба. ПМГ во следните години ќе прерасне во водечка авангардна сила на скопските улици, одговорна за широк спектар акции во полето на музиката и урбаната култура. Настаните на ПМГ од 90-те се суштината на скопскиот урбан фолклор од тоа време, а Мирко Попов како диџеј, има можност редовно да настапува низ регионот, но и на некои атрактивни европски клупски дестинации.

Во 1998 ја формира ПМГ Рекордингс, дискографска куќа која има намера да ја регистрира и промовира квалитетната музика на новото време, славејќи ја современата култура и исправајќи историски грешки и неправди нанесени на македонската музика од блиското минато. ПМГ Рекордингс денес е водечка независна дискографска куќа во земјата, со над 300 изданија (тука влегуваат и изданијата на под-лејбловите ПМГЏез, ПМГ Танц Дигитал, Con:Tempo и Мкаедониде).

Последните години на минатиот век ги донесоа и првите (хаус, техно и електро) продукции за него, за во 2003-та сето тоа прерасне во бендот ПМГ Колектив (еклектична комбинација на жив и електронски пристап во слободен стил) каде е автор на музика, текстови, вокалист и оператор на машини за звук. Бендот за кратко време прераснува во еден од водечките домашни бендови од првата деценија на новиот век. ПМГ Колектив има издадено 9 албуми и едно издание на најголемите хитови, и отсвирено повеќе македонски и европски турнеи (повеќе од 500 концерти досега).

Дел е и од култниот електро – џез состав Кантон 6, со кој досега има издадено повеќе е.п. и 3 албуми, како и од опскурниот проект #МакедонидеКру со 6 албуми.

Има издадено албум и неколку е.п изданија, и реализирано концерти со водечкиот македонски џез состав Сетстат.

Од 2020 година продуцира, издава и настапува и како соло артист под името Mirko Popov Quartet.

Има остварено повеќе улоги во театарски претстави, како и на филм. Потпишано неколку музики за театар и филм. Режирано радио драма.

Tој e сценарист и продуцент на документарниот филм „103-Љубовно писмо до алтернативната култура” и комплетен автор на музичкиот филм „До небото замок”. Продуцент, сценарист и автор е на повеќе од 50 музички видеа.

Автор е на книгата „20 Години те Сакам *Монографија за ПМГ колектив”. Автор е на книгата за деца „Розевата планета” издадена за Чудна шума на македонски и албански јазик.

Како музички новинар пишува/л текстови во Трн, Реборн, Урбан Магазин, Тротоар, Скопско Метро и др. Објавувал своја проза, поезија и стрипови во Маргина, Лифт, Скопско Метро и др.

Заедно со музичарот Владан Дробицки, идеен творец е на џез фестивалот „Крај Вардарот џез“, беше иницијатор и уредник на неговиот музички проект, платформата „Силата ЕУ младите“.

Попов е еден од ретките, кој во континуитет се грижеше на површината да испливаат надоаѓачките генерации домашни млади музичари, а одличен доказ за тоа е оваа платформа, се вели во официјалното соопштение.

Continue Reading

Претходно: Евротип вработува!
Следно: И денеска ќе врне, носете чадор

Поврзани вести

20261007181811_big_730x400_53
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

Шеталиште 08/10/2026 07:48
Svekji-Crkva-2_1000x666-1
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

Шеталиште 08/10/2026 06:50
+
  • Македонија

Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население

Шеталиште 08/10/2026 06:44
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци 20261007181811_big_730x400_53 1
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

08/10/2026 07:48
До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари denari-plata-600x360_1000x666-1 2
  • Економија

До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари

08/10/2026 07:38
Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти alkohol-prodazba 3
  • Економија

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти

08/10/2026 07:07
Ја славиме Преподобна Ефросинија Svekji-Crkva-2_1000x666-1 4
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

08/10/2026 06:50
Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност 75775 5
  • Економија

Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност

08/10/2026 06:46

Можеби сте пропуштиле

20261007181811_big_730x400_53
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

Шеталиште 08/10/2026 07:48
denari-plata-600x360_1000x666-1
  • Економија

До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари

Шеталиште 08/10/2026 07:38
alkohol-prodazba
  • Економија

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти

Шеталиште 08/10/2026 07:07
torta-
  • Рецепти

Медена торта вкус што не се заборава

Шеталиште 08/10/2026 07:03

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани