НАЈНОВО

Македонија

Почина новороденче во Битолската болница

Машко новороденче починало ден откако било родено во Клиничката болница во Битола.

Родилката е од Ресен а несреќата се случила во саботата, на 15 јуни. Бебето било родено претходниот ден со царски рез. И во саботата било транспортирано од битолската болница до Детската клиника во Скопје, од каде родителите биле известени дека починало. Од Детската клиника за Канал 5 потврдуваат дека новороденчето било донесено без срцева акција и дишење. Докторите направиле обид за реанимација но без успех.

Извор: Канал5

Поврзани новости