Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Свет

Почина папата Франциск

admin 21/04/2025 00:00
Pope Francis dies at the age of 88

„Тој нè научи да ги живееме евангелските вредности со верност, храброст и универзална љубов, особено во корист на најсиромашните и најмаргинализираните. Со неизмерна благодарност за неговиот пример како вистински ученик на Господ Исус, душата на папата Франциск ја поклонуваме на бескрајната милосрдна љубов на Едниот и Троичен Бог“, објави утрово кардиналот Кевин Ферел

Папата Франциск, првиот поглавар на Римокатоличката црква од Латинска Америка, почина утрово на 88-годишна возраст, соопшти Ватикан.

Тажната вест за милиони христијански верници ја соопшти кардиналот Кевин Ферел, ватиканскиот камерленго.

„Во 7 часот и 35 минути утринава римскиот бискуп Франциск се врати во домот на Отецот. Целиот свој живот го посвети на служење на Господ и Неговата Црква. Тој нè научи да ги живееме евангелските вредности со верност, храброст и универзална љубов, особено во корист на најсиромашните и најмаргинализираните. Со неизмерна благодарност за неговиот пример како вистински ученик на Господ Исус, душата на папата Франциск ја поклонуваме на бескрајната милосрдна љубов на Едниот и Троичен Бог“,

Франциск, кој боледуваше од хронично белодробно заболување и му беше отстранет дел од едното белодробно крило како млад човек, беше примен во болницата Гемели на 14 февруари поради респираторна криза која прерасна во двојна пневмонија. Таму помина 38 дена, што е најдолгата хоспитализација во неговото 12-годишно папство.

Сакан од многу католици поради неговата понизност, Френсик минатата година ги поедностави обредите за папските погреби и претходно рече дека веќе го планирал својот гроб во базиликата Санта Марија Маџоре во населбата Ескилино во Рим, каде што одел да се моли пред и по патувањата во странство. Папите обично се погребуваат со многу помпа во пештерите под базиликата Свети Петар во Ватикан.

Тој вчера кратко се појави на балконот на базиликата Свети Петар за благословот Урби и Орби (Кон Градот и Светот) и им го честиташе Велигден на верниците.

Папата Франциско, чие секуларно име е Хорхе Марио Бергољо е роден на 17 декември 1936 година во Буенос Аирес и потекнува од семејство на италијански имигранти. Тој беше ракоположен за свештеник во 1969 година, а четири години подоцна ги даде своите доживотни завети во језуитскиот монашки ред.

Во 1998 година, тој беше назначен за надбискуп на Буенос Аирес, а неговата пасторална работа беше обележана со силна посветеност на сиромашните и маргинализираните.

Откако папата Бенедикт Шеснаесетти поднесе оставка во февруари 2013 година, Бергољо беше избран за 266-ти поглавар на Римокатоличката црква. Тој победи во петтиот круг на гласање на конклавата и во чест на Свети Франциск Асишки го избра името Франциск.

Папата Франциск беше 266. поглавар на Римокатоличката црква.

Тој беше првиот папа кој доаѓа од Латинска Америка, и првиот понтиф (првосвештеник) роден надвор од Европа по повеќе од илјада години.

За време на водење на Римокатоличката црква тој своето внимание го фокусираше на сиромаштијата и нееднаквоста, критикувајќи ги околностите кои доведуваат до овие појави.

По две години од неговото папство, тој издаде енциклика од 180 страници за животната средина, барајќи од најбогатите нации во светот да го платат својот „голем социјален долг“ кон сиромашните.
„Климатските промени претставуваат еден од главните предизвици со кои се соочува човештвото во нашето време“,

велеше тој.
На неговите многубројни патувања во странство, Френсис беше пречекуван како рок-ѕвезда, со стотици илјади – понекогаш и милиони – кои со часови чекаа да го видат во бела наметка во неговиот отворен попамобил. Неговиот апел беше особено силен меѓу младите луѓе, кои често ги повикуваше да го отфрлат материјализмот и преголемата зависност од технологијата.

Иако дел од едното белодробно крило беше отстрането по тинејџерска инфекција, папата беше во неверојатно добра здравствена состојба до последните години. Но, тој сè уште одржуваше напорен распоред и минатиот септември го започна своето најдолго патување, во југоисточна Азија.

Continue Reading

Претходно: На ГП „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 20 минути
Следно: Денеска е трет ден Велигден, три работи никако не се работат

Поврзани вести

4353
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 11/07/2026 09:54
Policija-Berlin
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

Шеталиште 11/07/2026 07:42
tajfun-bavi-tajvan
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

Шеталиште 11/07/2026 07:39
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција 4353 1
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

11/07/2026 09:54
Заложничка драма во Берлин Policija-Berlin 2
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

11/07/2026 07:42
Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави tajfun-bavi-tajvan 3
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

11/07/2026 07:39
Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија kuba-struja 4
  • Вести
  • Свет

Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија

11/07/2026 07:34
Сребреница одбележува 31 година од геноцидот врз Бошњаците Srebrenica 5
  • Вести
  • Регион

Сребреница одбележува 31 година од геноцидот врз Бошњаците

11/07/2026 07:32

Можеби сте пропуштиле

DSC_2442
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:55
DSC03261
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:25
4353
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 11/07/2026 09:54
Policija-Berlin
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

Шеталиште 11/07/2026 07:42

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани