Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Економија

Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар

Шеталиште 08/10/2026 10:41
M79_0274-2048x1367

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја започна распределбата на картичките за зелена нафта за земјоделците. Мерката стартува во период кога земјоделците се подготвуваат за есенската обработка на земјоделските површини и сеидбата.За оваа мерка годинава се обезбедени 584 милиони денари, односно околу 9,5 милиони евра, а подготвени се вкупно 48.037 картички.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски информираше дека распределбата започнала од Свети Николе, а потоа продолжила во Битола. Висината на финансиската поддршка зависи од површините и културите што земјоделците ги пријавиле во барањата за директни плаќања за 2025 година. Поддршката се движи од 3.200 до 12.000 денари по хектар, во зависност од земјоделската култура.

За житните култури, како пченица, јачмен, пченка и ориз, предвидени се 3.200 денари по хектар. За сончоглед, маслодајна репка, луцерка и одредени други култури поддршката изнесува 4.800 денари по хектар. За градинарските култури опфатени со мерката и за лозовите насади се издвојуваат 9.600 денари по хектар. Највисоката поддршка, од 12.000 денари по хектар, е предвидена за јаболко, круша, слива, праска и дел од овошните култури. За дуња, калинка, бадем, лешник и други култури од оваа категорија се исплаќаат 8.800 денари по хектар, додека за тутунот поддршката изнесува 11.000 денари. За оревите и питомите костени се предвидени 6.000 денари по хектар.

Според информациите од Министерството, во Свети Николе биле доделени првите од вкупно 1.900 картички, со вкупна вредност од повеќе од 38,2 милиони денари. Во Битола се подготвени 3.858 картички, чија вкупна вредност изнесува околу 57,5 милиони денари. Од МЗШВ посочуваат дека целта е финансиската поддршка да стигне до земјоделците токму во периодот кога имаат најголеми трошоци за подготовка на нивите, набавка на семенски материјал и ѓубрива, како и одржување на земјоделската механизација.

Мерката се реализира преку Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година. За време на посетата на Битола, министерот Серафимовски се сретна и со пелагониски пчелари. На средбата било соопштено дека во Министерството се подготвени налозите за исплата на субвенциите за пчеларите и дека исплатата треба да се реализира во најбрз можен рок. Од Министерството велат дека се следи состојбата во пчеларството, особено по најавите за намалени приноси на мед годинава.

Воедно, најавена е и активност за брендирање на македонскиот, односно мариовскиот мед, со цел дополнително да се промовира неговото потекло и квалитет. За земјоделците, пак, распределбата на зелената нафта доаѓа во период на зголемени сезонски трошоци, кога подготовката на земјоделските површини и есенската сеидба бараат значителни.

Continue Reading

Претходно: Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци
Следно: „Поетскиот слем Македонија“ по 16. пат во Прилеп

Поврзани вести

inflacija-1.jpg
  • Економија

Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто

Шеталиште 09/11/2026 12:12
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Пад на цените на горивата: Поевтини бензините и дизелот

Шеталиште 09/11/2026 12:05
paridenari10-1
  • Економија

Од 1 декември построги услови за кредити: Пониски лимити и пократки рокови за отплата

Шеталиште 09/11/2026 11:05
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир bair-tunel 1
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

09/11/2026 13:08
Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември Francija-PSG 2
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

09/11/2026 13:04
Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено Alta-banka-Bitola 3
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

09/11/2026 12:39
Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто inflacija-1.jpg 4
  • Економија

Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто

09/11/2026 12:12
Пад на цените на горивата: Поевтини бензините и дизелот gorivo-pumpa-750x350-2 5
  • Економија

Пад на цените на горивата: Поевтини бензините и дизелот

09/11/2026 12:05

Можеби сте пропуштиле

bair-tunel
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

Шеталиште 09/11/2026 13:08
Francija-PSG
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

Шеталиште 09/11/2026 13:04
20261109123651_big_730x400_3
  • Занимливости

Ретко голем бел тартуф од 850 грама продаден за 100.000 евра на аукција во Италија

Шеталиште 09/11/2026 12:44
Alta-banka-Bitola
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

Шеталиште 09/11/2026 12:39

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани