Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Прилеп инфо

Почна 12. Џез фестивал „Прилеп џез викенд“

admin 01/09/2023 00:00
uploads_thumbs_resize_800x420_598300

Фестивалот вечер и утревечер на 2 септември кога ќе се заокружи ќе понуди уште 4 концерти.

Со два концерта, еден на дуото Добрила-Доријан, вториот на интернационалниот состав на Јордан Костов (Јордан Костов, „Jingarabushi“) на малата сцена во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп и официјално почна 12. Фестивал на џезот – „Прилеп џез викенд“.Му претходеа два настана во придружната програма – во понеделникот концерт на Џенгис Ибрахим на археолошкиот локалитет Врбјанска ќука и на 29 август, во вторникот во Клубот Калинка настапија „Next to Silence“.

Фестивалот вечер и утревечер на 2 септември кога ќе се заокружи ќе понуди уште 4 концерти. Публиката ќе ги види и „Soothsayer“, бенд кој го сочинуваат тројца млади, но веќе етаблирани музичари, потоа групата „Фолтин“, а последната вечер се концертите на гостите од Србија „3Gonome3“ и составот „Intergalactic mutant funk“.

Добрила Грашеска, од дуото Добрила и Доријан пред публиката го претставија својот проект „Пиле шарено“ кој донесува познати македонски песни со нов аранжман и видување.

Има веќе две години како го почнавме овој проект со мојот другар Доријан Јовановиќ со кого свириме заедно во „Чалгија саунд систем“. Во овој проект влеговме како дует. Она што најдобро го знаеме, тоа македонската традиционална музика и ја прикажуваме низ филтерот на нашето видување на музиката. Тоа значи низ нашиот современ спектар на поглед и на разбирање на музиката, на звуците, на шумовите. Во овој проект „Пиле шарено“ внесовме малку повеќе електроника, повеќе експериментирање со музиката.Пристапуваме од поинаков агол на она што го знаеме. А то во џезот е најважно. Во џезот се битни импровизацијата и слободната интерпретација на она што е знајно, рече Грашеска.

Доријан Јовановиќ смета дека се потребни повеќе џез фестивали од помал формат за да се претстават сите талентирани изведувачи.

-Прилепскиот џез фестивал е многу помал, да речеме од Скопскиот џез фестивал, но овие фестивали, во овој момент, ми се чини, се многу битни зашто може да претстават многу повеќее од помалите артисти, изведувачи кои имаат простор и можност да го покажат она што го работат. Затоа е големо значењето на овој џез фестивал. Треба да ги има повеќе. Во Прилеп има добра почва фестивалот, има традиција и еве се одржува успешно 12 години, смета Јовановиќ.

По 12 години прилепскиот џез фестивал има извршено влијание и на публиката и на порезентацијата на музичари од земјава и од Регионот.

– „Прилеп џез фестивалот“ продолжува да го претставува најдоброто како од Македонија така и пошироко, од Регионот.Фестивалот е позициониран на мапата на Фестивали и има оставено веќе значајни траги. Сите изведувачи кои настапиле досега во овие години извршиле силно влијание и врз публиката и врз креирање на една фестивалска историја. Им се дава шанса, најмногу на македонски музичари, на млади музичари, се промовираат нивните проекти, експериментални. Секогаш се покануваат и гости од Регионот, рече Снежана Ристеска, советник за култура во Прилеп.

Фестивалот „Прилеп џез викенд“ е во организација на здружението за субкултура „ПП Џез фестивал“.

Continue Reading

Претходно: 10 000 денари за секое прваче во Општина Новаци
Следно: Од 1 до 5 септември втор рок за пријавување за субвенциониран студентски оброк

Поврзани вести

282_cvetkovikj-stefan_vardar-1536x1093
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат

Димитар Петковски 11/04/2026 09:08
Screenshot_20260410_165554_Chrome
  • Вести
  • Балкан
  • Регион
  • Спорт
  • Фудбал

Босански спорт: Стадионот „Петар Милошевски“ е еден од бисерите на Балканот (Видео)

Димитар Петковски 10/04/2026 15:37
Screenshot_20260409_121348_Chrome
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Вечното дерби заврши мирољубиво, Јовчевски не дозволи радост на Вардар во Битола (Фото)

Димитар Петковски 09/04/2026 10:14
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Сончево и топло со температури до 20 степени soncevo 1
  • Македонија

Сончево и топло со температури до 20 степени

12/04/2026 08:41
Денеска е Велигден – ден на Христовото воскресение Veligden-768x483-1 2
  • Македонија

Денеска е Велигден – ден на Христовото воскресение

12/04/2026 08:39
Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари goriva-1 3
  • Економија

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

11/04/2026 14:42
Времето денеска ќе биде облачно и ветровито oblacno-vreme-1 4
  • Македонија

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито

11/04/2026 09:11
Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат 282_cvetkovikj-stefan_vardar-1536x1093 5
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат

11/04/2026 09:08

Можеби сте пропуштиле

soncevo
  • Македонија

Сончево и топло со температури до 20 степени

Шеталиште 12/04/2026 08:41
Veligden-768x483-1
  • Македонија

Денеска е Велигден – ден на Христовото воскресение

Шеталиште 12/04/2026 08:39
261104_54
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.04.2026)

Шеталиште 11/04/2026 16:11
IVK_0645
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (11.04.2026)

Шеталиште 11/04/2026 15:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани