Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Некатегоризирано

Почнуваат градежните работи на булеварот „Македонија“, првата од четирите фази треба да се реализира за 90 дена

Шеталиште 01/02/2026 14:33
unnamed

Од денеска почнаа градежните активности на булеварот „Македонија“ со кои се очекува да се намали сообраќајниот метеж во центарот на Градот Скопје. Ќе се реализираат четири фази, од кои првата треба да заврши за 90 дена.

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски во изјава за медиумите рече дека следната недела се очекува да започне и тендерската постапка за втората фаза. Се надева дека целата сообраќајница која е околу два километри до крајот на неговиот мандат да биде завршена.

-Тука сме на почеток на градежните активности на булеварот „Македнија“, нешто за што се говори години наназад, почнуваме со првиот од четирите чекори. Рокот на изведба е 90 дена, а од следната недела ќе ја почнеме тендерската постапка за втората фаза која ќе подрзабира два нови кружни текови и влез во подземната сообраќајница. За да не го губиме времето, ќе ја почнеме тендерската постапка, како што споменав наредните 10 дена и верувам дека веднаш по завршување на првата фаза, ќе започнеме со реализација на втората фаза. Оваа фаза опфаќа проширување на дел од сообраќајниците тука и уредување на целиот простор. Опфаќа нова атмосферска канализација и 60 нови шахти, што значи дека и атмосферските води ги средуваме во овој дел од нашиот главен град. Опфаќа на улицата „Пролет“, приклучување и нов крак спрема улицата „Борис Трајковски“ и уште едно проширување и нов крак на улицата „11 Октомври“, рече Ѓорѓиевски.

Премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека овој проект многу ќе значи за скопјани и ќе додаде вредност во квалитетот на живот на скопјани.

-Јас не би имал што да додадам повеќе во техничките карактеристики, да го анализирам проектот од технички аспект, но знам дека овој проект сигурно ќе го олесни движењето во центарот на градот. Амбициозен е планот овој мандат целосно да биде завршен, амбициозен е и планот во 90 дена да биде завршен овој дел. Но, сигурен сум дека имајќи предвид дека имаме амбициозен градоначалник и амбициозни градоначалници дека сето ова ќе се заврши и скопјани ќе можат да се движат по овој коловоз многу скоро, односно во рамките на тоа што е кажано, рече Мицкоски.

Во рамки на она што отпочнувањето на градежни активности во Градот Скопје, Ѓорѓиевски нагласи дека со засилено темпо се работи на клучката кај Момин поток, на мостот „Љубљанска“ и веќе се во финална фаза на супервештачењето коешто би значело пробивање на мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за поврзување на Гази Баба и Аеродром, кое граѓаните го чекаат долго време.

-Има таму приватни објекти кои се нерешени, околу 30-ина објекти се, кои ќе ги оставиме за подоцна да ги решиме имотно-правно. Мојата цел, така говорев и ветував во кампањата дека ќе го пробиеме тој потег и ќе овозможиме поврзување на мостот со сообраќајниците понатаму, особено делот спрема Дојрана. Таму имаме спор со еден објект од каде што едната страна од објектот е веќе завршена експропријацијата, но за другата сметам дека сопственикот малку има поголеми барања од тоа што би требало да биде исплатено. Затоа, имавме неколку средби, но по средбите побарав супервештачење затоа што сакам, логички е секој денар да го штедам од Градот Скопје и да постигнам добра цена за Градот Скопје таму, и затоа ангажиравме супервештаци. Верувам дека за брзо ќе се заврши тоа и веќе ќе можеме да го пробиеме тој потег, рече Ѓорѓиевски.

Градоначалникот најави дека во текот на наредните десеттина дена ќе биде распишана тендерска постапка за довршување на Булеварот „Борис Трајковски“ кон Драчево.

-Тој е повеќедецениски булевар кој се гради од кој граѓаните се истоштени и во неизвесност оставени долги години. Мислам дека конечно ќе го завршиме и тој проект, рече тој.

Ѓорѓиевски информира дека во текот на наредната недела ќе одржи прес-конференција каде што ќе даде извештај за финансиската состојба на Градот Скопје. -Веќе ги стабилизираме јавните претпријатија и мислам дека полека, но сигурно Градот го креваме на стабилни нозе, онака како што граѓаните очекуваат, рече тој.

Во однос на обвинувањата од опозицијата дека поголем дел од назначените лица во управните и надзорните одбори на јавните претпријатија и установи се членови и донатори на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓиевски меѓу другото исткна дека тоа се луѓе со дигнитет, со сериозно искуство позади себе и луѓе кои ќе можат да помогнат и да бидат коректор на директорите и на сосотјбите во јавните претпријатија.

-Јас не навлегувам во материјални расправи на опозицијата. Мислам дека е апсурдно на политчка партија особено како СДСМ каде што сеќаваме кога Зоран Заев стана премиер во 24 часа беа разрешени сите управни и надзорни одбори во државата, да коментираат вакво нешто. Јас го коментирав тоа и на седницата на Совет, но и со медиумите. Сакам да истакнам дека сите тие луѓе ги познавам и мислам дека ќе бидат додадена вредност за јавните претпријатија, тие треба да бидат коректор на директорите и на состојбите на јавните претпријатија и додадена вредност да помагаат. Што се однесува на тоа дека не биле доставени нивни биографии, апсолутно и тука е претседателот на Советот, го отрфлам како неточно. Зошто? Затоа што на Комисијата во која членуваат членови од сите политички партии беа приложени сите биографии на секој еден од членовите на управни и надзорни одбори. Тоа се луѓе со дигнитет, со сериозно искуство позади себе и луѓе кои ќе можат да помогнат. Назначени се како в.д. членови на управни и на надзорни одбори  и наредните шест месеци ќе биде спроведена постапка во која ќе може сите заинтересирани да аплицираат. Сметам дека е апсурдно она што го тврди опозицијата, рече градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Фото: Влада на Република Северна Македонија

Continue Reading

Претходно: Волкановски ја одбрани титулата – светски првак
Следно: СДСМ: Министерството за здравство го крие повлекувањето на д-р Кедев од здравствениот совет за проверка на случаите на непотребните операции на срце

Поврзани вести

horoskop-9-744x500-1-1
  • Некатегоризирано

Дневен хороскоп (02.09.2026)

Шеталиште 02/09/2026 07:09
ffm
  • Некатегоризирано
  • Спорт
  • Фудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ, парично ги казни ГФК Тиквеш 1930 и Струга Трим Лум

Димитар Петковски 28/08/2026 06:55
pozar2-960x540-1
  • Некатегоризирано

ЦУК: Пет активни пожари, два под контрола

Шеталиште 21/08/2026 08:08
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Башкими направи изненадување совладувајќи ja Струга Трим Лум во Куманово bashkimi-3-1536x1058 1
  • Македонија
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Башкими направи изненадување совладувајќи ja Струга Трим Лум во Куманово

12/10/2026 19:29
МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол image-66-1024x768 2
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

12/10/2026 12:43
За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски nikoloski-so-zname-696x464 3
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

12/10/2026 12:41
Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода 24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056 4
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

12/10/2026 10:26
“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео) Screenshot_20261012_065715_Facebook 5
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

12/10/2026 05:15

Можеби сте пропуштиле

bashkimi-3-1536x1058
  • Македонија
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Башкими направи изненадување совладувајќи ja Струга Трим Лум во Куманово

Димитар Петковски 12/10/2026 19:29
image-66-1024x768
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

Шеталиште 12/10/2026 12:43
nikoloski-so-zname-696x464
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

Шеталиште 12/10/2026 12:41
valerija-damcevska
  • Настани

Валерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“

Шеталиште 12/10/2026 12:40

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани