Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Прилеп инфо

Почнуваат карневалските свечености во Прилеп, в недела е главното дефиле со 500 учесници

admin 23/02/2023 00:00
20230223163245_ogImage_85-1

Околу 500 учесници од земјава со 20 групни маски и поединци ќе дефилираат в недела во центарот на Прилеп на 21-от по ред карневал Прочка 2023. Главното карневалско дефиле ќе го предводат традиционалните маски Прилепските мечкари, како заштитниот знак на Прилеп.

Карневалските свечености по 21-пат ќе започнат утре напладне во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ со отворањето на традиционалната изложба на маски на учениците од основните и од средните училишта во Прилеп. За време на карневалскиот викенд градот подготви голема забава и за учесниците и за гостите.

Како што објаснува Снежана Ристеска, советник за култура во општина Прилеп, овие денови во градот ќе бидат во знакот на карневалот, маскирањето, умешноста во изработката на маски и големата забава со придружни занимливости.

– Активностите почнуваат утре со отворањето на изложбата на маски во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“. Изложбата на маските ќе биде пригодно отворена утре во 11 часот. Ќе бидеме сведоци на голем број оригинални креации на маски од вредните раце на учениците од основните и од средните училишта во Прилеп. Тие се нашите најмлади партнери и учесници кои ќе го продолжат да го негуваат ова богато културно наследство и да ја чуваат традицијата. Стручна комисија во три категории ќе ги одбере најдобрите маски: за маски изработени од ученици до VI одделение, во втората категорија се маски од ученици од VI до IX одделение и за маски на средношколците, изјави Ристеска.

Централен настан е дефилето на маските во недела на 26 февруари напладне, на Прочка. Ќе се претстават повеќе од 20 групни маски од градот и од цела Македонија. Има пријавено маски од Куратица, од Мокриево, од Бегниште, Струмица, од Пробиштип, Охрид, така што очекуваме повеќе од 500 учесници да продефилираат по булеварот „Гоце Делчев“. Централното претставување со кореографија и со музика ќе биде пред бината на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“. Ќе има и куклено и магионичарско шоу.

– Едноставно, Прилеп е сцена каде ќе се случуваат повеќе карневалски настани. Рестораните, кафулињата и кафетериите ќе имаат своја карневалска програма. Со одлука на прилепскиот совет, забавата ќе може да трае и до утринските часови. Официјалното пријавување маски е завршено, но остануваме отворени за секој што ќе се пријави, појаснува Ристеска.

Ванчо Георгиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари“ нагласи дека препознатливата и заштитна маска на Прилеп, Мечкарите е подготвена да ја продолжи вековната традиција.

– И овој пат, традиционално заштитната маска на градот, Мечкарите, ќе го отворат карневалот в недела. Мечкарите веќе ја подготвија и ја усовршија својата маска. Направија нови костими. Маската е симболот на Прилеп, но и на Македонија бидејќи со овој вид маски сме единствени. Имаме настапувано во повеќе европски земји. Карневалот е дојден до степен кога треба да се покажат автентичните работи на нашето поднебје, вели Георгиев.

За најдобрите маски на карневалското дефиле в недела, на Прочка, ќе одлучува стручно жири. Наградените ќе добијат ваучер за да може да бидат претставени на државни и меѓународни карневалски манифестации.

Continue Reading

Претходно: Нема резултати од вонредниот надзор во прилепската болница по смртта на тројца пациенти
Следно: Денеска променливо облачно, ќе има слаб дожд во источните делови од државата

Поврзани вести

Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

Димитар Петковски 05/09/2026 21:05
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“ Screenshot_20260906_122405_Facebook 1
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

06/09/2026 11:37
Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола d427847b62e91b00c80af2734f65115e 2
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

06/09/2026 07:18
ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот skopje-2-2-1536x1079 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

05/09/2026 21:05
Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена img_7945-1536x1152 4
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

05/09/2026 06:36
Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово shkendija-1-2-1536x1077 5
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово

04/09/2026 20:56

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

Димитар Петковски 05/09/2026 21:05

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани