Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост

Шеталиште 08/06/2026 07:20
20260607200817_big_730x400_33

За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули.

Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден. Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородичен, Божикен), започнува од првата недела по Педесетница (Духовден), а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден, така и Петровденскиот пост трае различно. Некогаш шест недели, а некогаш само една недела и еден ден.

Целта на постот е да се исчистат духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела. Телесниот пост подразбира воздржување од храна од животинско потекло, што значи од трпезата се тргаат месото, млечните производи и јајцата.

Поважниот пост – духовниот, според Православната црква, подразбира одрекување од секое зло и грев, воздржување од лоши помисли, зборови и дела, покајание и безрезервна љубов кон Бога и кон луѓето.

За Петровденскиот пост

Овој пост својот корен го има во древните времиња на Црквата. По сè изгледа тој првично претставувал пост за оние кои од некаква причина (на пр. патување) не постеле за Пасха, па затоа овој пост бил еден вид компезација за пропуштениот подвиг. Во Апостолските правила стои: „По неа (Педесетницата) празнувајте една седмица, па потоа постете, бидејќи е справедливо и да се веселите заради дарот Божји, но и да постите по олабавувањето“ (V,20).  Според ова, овој пост во себе ја содржи идејата на засилување на подвигот по празничниот пасхален период, кога сме се опуштиле со храната.

Овој пост се утврдува кога во 4 век, од страна на светиот рамноапостолен Константин Велики, биле подигнати храмови во чест на светите првоврховни апостоли Петар и Павле во Константинопол и Рим. Осветувањето на константинополскиот храм се случило на денот кога се празнува споменот на овие апостоли и оттогаш овој ден почнал да се одбележува особено торжествено како на Исток, така и на Запад.

Почетокот на Петровденскиот пост е подвижен и зависи од празнувањето на Пасха (Велигден), а завршува со празникот на светите апостоли Петар и Павле (29 јуни/12 јули по нов стил).

Според прописите на Црквата, надворешната форма на овој пост, за разлика од Великиот, е поблага: (понеделник)[1], среда и петок е строг пост, во останатите денови е благословено да се јаде масло, а за викенди (сабота и недела) се дозволува и употреба на риба (можеби, како што велат некои, бидејќи апостолите биле рибари?); ако се падне празник во делничните денови се случува ублажување на постот за еден степен (ако е строг – се дозволува масло, ако е со масло – се дозволува риба); на Иванден (Раѓањето на св. Јован Крстител – 07.07.) се јаде риба, без разлика во кој ден и да се падне; ако има семејна слава, тогаш се разрешува употреба на масло, вино (=алкохол) и риба, во кој било ден и да се падне. Секако, со благослов на духовникот, ова правило може да се прилагоди (ублажи) во конкретни случаи.

Светите апостоли Петар и Павле биле толку различни: Петар бил необразован и сиромашен рибар, Павле бил син на богати и благородни родители, римски граѓанин со извонредно образование; Петар, маловерниот, трипати се одрекол од Христа, но горко се покајал и станал камен и основа на Црквата, Павле, најголемиот непријател на христијаните, кој жестоко се противел на Христа, подоцна станува најплодоносниот мисионер на Евангелието. Вдахновениот простак и избезумениот оратор, Петар и Павле, ја олицетворуваат духовната крепост и разум – двата најнеопходни мисионерски квалитета.

Овој пост веќе се исполнува во спомен и подражавање на светите апостоли, кои постеле пред да тргнат да го проповедаат Евангелието (Дела 13,3) и затоа тој има и мисионерска димензија.

Како правилно да постиме во Петровденскиот пост?

Подвигот на Петровденскиот пост не е толку строг, како Четириесетницата (Велигденскиот пост) за време на Петровиот пост уставот на Црквата претпишува – во среда и петок – да се воздржуваме од елеј. Во саботите и неделите од постот, а исто и во деновите кога се празнува споменот на некој светител или храмов празник, се разрешува на риба и вино.

…како да постиме? Сетилниот пост од храна не можеме да го запазиме, како што го пазеле нашите отци и учители, но дури и да го запазевме, каква полза ќе имаме без духовниот пост, за кого Црквата ни вели: „да постиме со пост духовен, благопријатен на Господа“ и т.н. (стихири од Триодот). И така, треба да се трудиме, спомнувајќи си за нашите гревови: најпрвин, да имаме „срце скрушено и смирено“ (Пс. 50, 19), да не обрнуваме внимание на туѓите недостатоци и да не ги судиме другите, туку повеќе да внимаваме на своите страсти и да не допуштаме истите да преминат во дело (Преподобен Макариј Оптински)

[1] Строгиот пост во понеделник, како и воопшто постот во понеделник, е монашка традиција која постои од времињата на древните византиски манастири. Освен средата и петокот, монаштвото почнало да пости во понеделник, кој во богослужението на Православната црква е посветен на ангелите. Монашкиот начин на живот претставува ангелски начин (образ) на живеење, уподобување на бесплотните сили. Бидејќи традицијата на пост во понеделник е монашка, таа не би требало да биде задолжителна за сите православни христијани, како што и е обичај во многу црковни јурисдикции низ светот.

Извор: МПЦ-ОА/МИА

Continue Reading

Претходно: Битолските пожарникари апелираат да не се палат стрништа и сува трева во Пелагонија
Следно: ЕДНА ГОДИНА РАБОТА, НОВА МИСИЈА ЗА ПОБЕЗБЕДНИ ПАТИШТА

Поврзани вести

zesko-sonce
  • Вести
  • Македонија

Високи температури денес, утре локално нестабилно време

Шеталиште 11/07/2026 07:27
Kujna Rustika Veding Hol
  • Вести
  • Македонија

Кујната на „Рустика Вединг Хол“ повторно е во функција – конечните наоди за случајот со труењето во Прилеп не утврдија пропусти во работењето

Шеталиште 10/07/2026 13:33
Aleksandar-Nikoloski
  • Македонија

Владата најавува нови рекорди во авиосообраќајот: Скопскиот и охридскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во регионот

Шеталиште 10/07/2026 09:38
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција 4353 1
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

11/07/2026 09:54
Заложничка драма во Берлин Policija-Berlin 2
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

11/07/2026 07:42
Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави tajfun-bavi-tajvan 3
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

11/07/2026 07:39
Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија kuba-struja 4
  • Вести
  • Свет

Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија

11/07/2026 07:34
Сребреница одбележува 31 година од геноцидот врз Бошњаците Srebrenica 5
  • Вести
  • Регион

Сребреница одбележува 31 година од геноцидот врз Бошњаците

11/07/2026 07:32

Можеби сте пропуштиле

DSC_2442
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:55
DSC03261
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:25
4353
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 11/07/2026 09:54
Policija-Berlin
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

Шеталиште 11/07/2026 07:42

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани