Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани

Почнува 13-то издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“

admin 03/08/2024 00:00
20240802170339_big_730x400_2

Во Битола денеска започнува 13-то издание на Интернационалниот детски театарски фестивал – Битолино, кој оваа година ќе се одвива под мотото „Раскажи ми приказна без зборови“.

Фестивалот ќе се одржи на сцените на НУ Центар за култура Битола, а дел од настаните надвор од натпреварувачката конкуренција, ќе се одржат на сцената на НУ Народен театар Битола.

ИДТФ Битолино е во организација на „Бабец театар“, а оваа година фестивалот повторно е проект од национален интерес во културата за 2024 финансиски поддржан од Министерството за култура и дел од Годишната програма за култура на Општина Битола за 2024 и составен дел од програмата на Битфест 2024.

„Бабец театар“, како што наведуваат организаторите, и покрај сите кризи кои го зафатија општеството продолжи да создава театарски претстави, претстави кои ќе допрат до секое дете и претстави кои ќе отворат нови полиња за размислување кај децата.

-Горди сме што создадовме една генерација на млади луѓе кои токму поради нас го засакаа театарот. Оваа година пријавени се повеќе од 50 волонтери кои во своето мотивационо писмо навеле дека нивното детство било и é исполнето со претстави и настани на „Бабец театар“ и ИДТФ „Битолино“. Брендот „Бабец театар“ кој цели 14 години успеа да опстане како професионален детски театар со 22 премиери и над 65.000 посетители и ИДТФ „Битолино“ на кој публиката (16.760) имаше можност да погледне 84 претстави од 48 театри кои во Битола допатуваа од 30 различни земји од четири континенти, веќе се запишаа со златни букви во историјата на македонскиот театар и ќе направиме се оваа приказна да продолжи со нови проекти и радосни мигови за децата, истакнува Васко Мавровски, директор на ИДТФ Битолино.

Бабец театар како дел од Македонскиот национален центар АСИТЕЖ на ова издание на ИДТФ „Битолино“, додава Мавровски, ја започнува својата мисија за создавање на услови за брз и квалитетен развој на театарот за деца преку одржување на неколку состаноци и дебати со театарските работници.

-Свесни сме дека нема да биде лесно, но наш единствен адут е квалитетот кој многупати сме го потврдиле, еден пример за тоа е освоената награда за најдобра женска улога на актерката Јулијана Мирчевска за улогата на Марика во претставата „Јованче и Марика“ во продукција на „Бабец театар“ на 1-от Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ во организација на НУ „Театар за деца и младинци“ од Скопје“, наведува Мавровски.

Честа да настапат на свеченото отворање на 13. издание на ИДТФ Битолино ќе им припадне на Antzoki Teatteri од Шпанија со претставата „Огномет – искри на животот“. На вториот фестивалски ден ќе настапат гостите од „Тheatre Stories“ театарот од Литванија со претставата „Стапица“. Третиот фестивалски ден на ИДТФ Битолино ќе биде посветен на организаторот „Бабец театар“, кој по повод 14-от роденден на
децата во Битола ќе ја подари својата најнова премиера „На гости кај Кате и Фреда“ во режија на Јован Ристовски. Претставата е дел од годишната програма на Министерството за култура за 2024 година и ќе биде изведена надвор од натпреварувачката програма. Наредните денови се резервирани за претставите: „Големото езеро“ во продукција на театарот „Imaginar do Gigante“ од Португалија, претставата од Германија во продукција на „Theater Kunstdünger“ со наслов „Подла патека“. Последниот фестивалски ден ќе започне со претставата „2- квадратни метри“ во продукција на Gobi Dance Company од Унгарија, а втората претстава за овој ден е проектот на Odivo театарот од Словачка со наслов „Воздух“.

Оваа година за време на Фестивалот ќе се одржува и театарската работилница со наслов „Приказна во движење“ под раководство на пантомимичарот и режисер за пантомима Војо Цветановски, со што Битолино ја продолжува традицијата секое издание на фестивалот да има своја работилница со која преку театар и преку говорот на телото, без употреба на зборови, ќе ги доближат децата до процесот на создавање на еден лик и на една театарска претстава за деца воопшто. Театарската работилница ќе трае пет дена односно ќе претставува мини процес за создавање на театарска претстава, започнувајќи со запознавање на основните движења во пантомимата и претставување на основните ликови во комедија дел арте се до креирање на една приказна односно кратка вежба во која актери ќе бидат самите деца учесници на работилницата, а ќе биде презентирана пред публиката на последниот ден од Фестивалот.

На 13. издание на ИДТФ „Битолино“ ќе биде доделена наградата „Гран При за најдобра претстава во целина“, за наградата ќе одлучуваат тројца врвни уметници од интернациналното жири во состав: претседател на жири комисијата Милан Пајиќ (Србија), актер и членовите на жири комисијата: Драгана Милошевски Попова, театарски режисер и Благојче Божиновски, театарски режисер.

-Оваа година тимот кој неуморно цела година работеше на подготовките за реализација на фестивалот Ви ветува едно незаборавно дружење со одлични претстави. На крајот сакам да ја изразам мојата благодарност до сите 50 волонтери кои работат во организацијата на фестивалот без кои Битолино не би бил тоа што е, додава Мавровски.

Continue Reading

Претходно: Битола: Тешко повредено 20-годишно момче, со возило излетало од патот
Следно: Прилепчанец претресен во клуб во Охрид, кај него најдена бела прашкаста материја

Поврзани вести

muzichki-kod-1229x1536
  • Настани

„Музички код“ – Македонската филхармонија со концерт во Битола под диригентство на Борјан Цанев

Шеталиште 13/10/2026 15:17
valerija-damcevska
  • Настани

Валерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“

Шеталиште 12/10/2026 12:40
20261009075207_big_730x400_32
  • Настани

Во Битола на „Интерфест“ музички рецитал со францускиот пијанист Иг Леклер

Шеталиште 09/10/2026 06:40
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

ЕВРОТО ПАДНА НА НАЈНИСКО НИВО од мај поради фискалните превирања во Франција evra-pari-evra 1
  • Економија

ЕВРОТО ПАДНА НА НАЈНИСКО НИВО од мај поради фискалните превирања во Франција

15/10/2026 09:20
Министерот Серафимовски на средба со производителите и откупувачите на тутун serafimovski-2 2
  • Прилеп инфо

Министерот Серафимовски на средба со производителите и откупувачите на тутун

15/10/2026 09:19
Паднаа акциите на Волстрит nasdaq-berza 3
  • Економија

Паднаа акциите на Волстрит

15/10/2026 06:24
Температури до 20 степени, но со засилен ветер сончево-есен 4
  • Македонија

Температури до 20 степени, но со засилен ветер

15/10/2026 06:03
Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ 20261014163242_big_730x400_69 5
  • Македонија

Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“

15/10/2026 06:02

Можеби сте пропуштиле

evra-pari-evra
  • Економија

ЕВРОТО ПАДНА НА НАЈНИСКО НИВО од мај поради фискалните превирања во Франција

Шеталиште 15/10/2026 09:20
serafimovski-2
  • Прилеп инфо

Министерот Серафимовски на средба со производителите и откупувачите на тутун

Шеталиште 15/10/2026 09:19
nasdaq-berza
  • Економија

Паднаа акциите на Волстрит

Шеталиште 15/10/2026 06:24
сончево-есен
  • Македонија

Температури до 20 степени, но со засилен ветер

Шеталиште 15/10/2026 06:03

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани