Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

По акцијата на финансиската полиција, ОЈО Битола отвори истрага за даночно затајување

admin 25/11/2023 00:00
564421-0.Basic-Okdjda

Основното јавно обвинителство Битола донело наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едното е осомничено за продолжено кривично дело – Даночно затајување од член 279 став 2 од Кривичниот законик, додека второто му помогнало при извршување на делото.

Како што соопшти утрово Јавното обвинителство, осомничениот 62-годишен сопственик и управител на правно лице во Битола, со помош на осомничената 41-годишна вработена, избегнал плаќање на данок на добивка и противправно ја намалил обврската за ДДВ на правно лице.

-На крајот на 2019, според сметководствената евиденција, најмалку 11 физички лица имале доспеани, а неподмирени обврски кон правното лице. Тие ги исполниле своите обврски со исплата на готовина лично на рака на осомничениот, преку плаќање во готовина или преку компензација со опрема. Иако ги подмириле долговите, нивните обврски спрема правното лице фигурирале во сметководствената евиденција како отворени, односно не биле книжени, со што првоосомничениот за нив не пресметал, не пријавил и не платил данок на добивка по даночна стапка од 10%. Постои основано сомнение дека на овој начин го оштетил Буџетот на РСМ во вкупен износ од 7.210.321 денари, се наведува во соопштението.

Во текот на 2019 година, додека била отворена претстечајна постапка и постоела забрана за отуѓување на имотот на правното лице, второосомничената, како што велат од Обвинителството, изготвила девет фактури за продажба со вкалкулиран износ на ДДВ, кои првоосомничениот ги потпишал, а со кои префрлал товарни, приклучни возила и работни машини од фирмата во претстечајна постапка кон друго правно лице во негова сопственост. Со фактурите тие извршиле пренос на сопственоста на возилата, а при тоа не извршиле плаќање на фактурите, со што овозможиле неосновано да се зголемат влезните побарувања за ДДВ во новото правно лице и незаконски да се намали неговата обврската за ДДВ во износ од 500.400 денари, оштетувајќи го Буџетот за оваа сума.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола поднел предлог за определување мерка куќен притвор за првоосомничениот, додека за второосомничената се определени мерки на претпазливост.

Кривичната пријава на Управата за финансиска полиција за работата на овие фирми, покрај двајцата осомничени, опфаќа уште три физички лица – адвокат, привремен стечаен управник и нотар, како и едно правно лице. Тие се пријавени за кривични дела во кои кривичниот прогон се презема во скратена постапка – Фалсификување или уништување деловни книги, Намерно предизвикување стечај, Оштетување и повластување доверители, Злоупотреба на службена положба и овластување и Злоупотреба на постапката за стечај. Осомничени се дека сите заедно предизвикале вкупна штета на Буџетот од околу 19,5 милиони денари.

Основното јавно обвинителство Битола против нив презема дејствија во скратена постапка.

Continue Reading

Претходно: Секој ден лекарите препишуваат по околу 5.100 кутии дијазепам
Следно: Арктичка ледена бура се движи кон Балканот – може да паднат и до 50 сантиметри снег

Поврзани вести

mkd-bul-1
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

Димитар Петковски 10/09/2026 09:41
aleksandar-tanevski-1-1536x1069
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ: Александар Таневски нов селектор на Македонија до 21 година, Јакимовски нов претседател на Судискиот одбор

Димитар Петковски 09/09/2026 16:14
policija-8
  • Битола инфо

Битолчанка го нападнала својот татко, му нанела расекотина

Шеталиште 09/09/2026 10:19
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола pat-prilep-bitola 1
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

10/09/2026 12:39
Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани FB_IMG_1789043869662 2
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

10/09/2026 12:38
ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи Komarec 3
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

10/09/2026 10:31
ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија mkd-bul-1 4
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

10/09/2026 09:41
Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано ezerani 5
  • Македонија

Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано

10/09/2026 07:05

Можеби сте пропуштиле

696409370ea57e2f063ba93140a4ee9a
  • Култура
  • Настани

Hair-aclea 2026 – Хуманитарен концерт

Шеталиште 10/09/2026 17:46
pat-prilep-bitola
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

Шеталиште 10/09/2026 12:39
FB_IMG_1789043869662
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

Шеталиште 10/09/2026 12:38
Komarec
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

Шеталиште 10/09/2026 10:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани