Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Некатегоризирано

По апсењето двајца терористи кои планирале напад, Тејлор Свифт ги откажа планираните концерти во Виена

admin 08/08/2024 00:00
12367811-1024x683-1

Австриските власти соопштија дека се уапсени две лица, а според неофицијални информации објавени од весникот „Кронен цајтунг“ едното лице има потекло од Македонија

Промотерот на пејачката Тејлор Свифт, „Баракуда мјузик“, објави дека настапите на американската пејачка кои требаше да се одржат во главниот град на Австрија, Виена, оваа недела, се откажани откако австриските власти уапсија две лица кои се сомничат дека планирале терористички напад за време на концертот.

„Откако властите потврдија дека е планиран терористички напад на концертот на Тејлор Свифт на стадионот ‘Ернст Хапел’, немаме избор и мораме да ги откажеме трите закажани концерти за сигурноста и безбедноста на сите граѓани“,се вели во објавата на промотерот „Баракуда мјузик“.

Кратко пред да биде објавено дека концертите се откажани, австриското министерство за внатрешни работи соопшти дека се уапсени две лица кои планирале терористички напад на концертот на американската ѕвезда, а главниот осомничен, според информации на весникот „Кронен цајтунг“, е 19-годишен Австриец со потекло од Македонија, кој живеел со своето семејство во градот Терниц.

Генералниот директор за јавна безбедност од австриското министерство за внатрешни работи изјави дека токму планираните концерти биле потенцијалните цели на главниот осомничен и дека рациите и апсењата се резултат на соработката на локалните и државните полициски агенции.

„Идентификувавме релевантни подготвителни активности и исто така фокусот на 19-годишникот биле концертите на Тејлор Свифт“,изјави Руф.

https://www.facebook.com/share/p/sfSxHp96MuW2LHaf/?mibextid=oFDknk

Во полициската акција биле запленети хемиски супстанци од домот на првоосомничениот, а превентивно биле расчистени и куќите во близина поради страв од присуство на поголеми количини експлозиви.

Руф воедно рече дека двајцата осомничени се радикализирале преку канали од интернет и дека 19-годишникот се заколнал на верност на терористичката група „Исламска држава“. Иако полицијата даде повеќе информации за главното осомничено лице, сепак за второто нема информации за тоа колку години има и дали е австриски државјанин.

Continue Reading

Претходно: Четири автомобили се судрија на излезот од Прилеп кон Битола, еден од возачите е тешко повреден
Следно: Положување венци во спомен на загинатите бранители кај месноста Карпалак

Поврзани вести

Mickoski-Tivat
  • Некатегоризирано

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват

Шеталиште 05/06/2026 06:20
image-249416
  • Некатегоризирано

Денеска се празнува Благовештение на Пресвета Богородица – Благовец

Шеталиште 07/04/2026 06:10
venko-filipche
  • Некатегоризирано

Филипче ја презентира новата предлог-програма на СДСМ, предвидува нула корупција и зголемени плати и пензии

Шеталиште 27/03/2026 15:45
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео) FB_IMG_1786658331932 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

13/08/2026 21:59
Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики mnr-1 2
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

13/08/2026 21:58
Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер pozar-loznani 3
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

13/08/2026 21:49
КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид FB_IMG_1786631968953 4
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

13/08/2026 15:18
Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија SFERA1 5
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

13/08/2026 11:43

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1786658331932
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

Димитар Петковски 13/08/2026 21:59
mnr-1
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

Шеталиште 13/08/2026 21:58
pozar-loznani
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

Шеталиште 13/08/2026 21:49
FB_IMG_1786631968953
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

Димитар Петковски 13/08/2026 15:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани