Додека фудбалската федерација денеска го промовираше новиот кормилар на репрезентација на Македонија во името на Гоце Седлоски, поранешниот репрезентативец и актуелен тренер на Вардар, кој оваа сезона стигна до есенска титула без ниту еден пораз, реакција стигна од поранешниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски – Мрме.
Тој во пост на социјалните мрежи, не’ се сложува со изборот на Фудбалската федерација на Македонија да го ангажираат Гоце Седлоски како нов предводник на националниот состав.



По реакцијата на Ангеловски , стигна експресна реакција и од Горан Пандев.
Директорот на националните селекции во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) кој му одговори преку социјалните мрежи.
„Се јави големиот селектор, големиот ‘патриот’. Не дочека ни шест часа да почне да плука. Замислениот Наполеон. Експертот кој во последните години во ниту еден клуб не се задржа повеќе од 2-3 месеци. Шарлатан кој секогаш се става во прв план. Ајде со мене во пензија, доста ти беше, помина времето на шуто и рогато во ФФМ“, напиша Горан Пандев.

