Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

По пет години пауза, од 1 април повторно директни летови Скопје – Дубаи, повратен билет по цена од 580 евра

Шеталиште 04/11/2026 08:17
flydubai_737-800_a6-fdb

Македонските патници од 1 април 2027 година повторно ќе можат да патуваат директно од Скопје до Дубаи, откако авиокомпанијата „Флајдубаи“ го потврди враќањето на авиолинијата. Предвидени се три лета неделно, а почетната цена на повратен билет во економска класа изнесува 580 евра.

Според објавениот распоред, авионите ќе сообраќаат секој понеделник, четврток и сабота. Полетувањата од Скопје ќе бидат во 14:30 часот, со пристигнување во Дубаи во 21:45 часот по локално време. Летовите од Дубаи ќе тргнуваат во 9:55 часот, а во Скопје ќе пристигнуваат во 13:30 часот.

Најниската цена за повратен билет во економската тарифа Lite започнува од 580 евра, додека билетите во бизнис-класа се достапни од 3.000 евра. Цените зависат од достапноста и условите за резервација, а билетите веќе се во продажба преку официјалните канали на авиокомпанијата.

Враќањето на линијата отвора и можности за поврзување со повеќе далечни дестинации. Благодарение на партнерството со „Емирати“, патниците од Скопје ќе можат да продолжат кон Австралија, Шангај, Сингаур, Бангкок, Коломбо и Занзибар. Поврзаните летови овозможуваат резервација во рамките на едно патување и префрлање на багажот до крајната дестинација, согласно со условите на билетот.

Од „Флајдубаи“ очекуваат линијата да привлече патници од македонската дијаспора во Австралија и Азија, но и деловни патници и туристи. Истовремено, директната врска може да придонесе за зголемување на бројот на посетители од Обединетите Арапски Емирати, кои ќе имаат полесен пристап до туристичките места во Македонија, меѓу кои Охридското Езеро, Шар Планина и културно-историските знаменитости на Скопје.

„Флајдубаи“ првпат воспостави директни летови меѓу Скопје и Дубаи во октомври 2012 година, а со најавеното враќање повторно ќе биде присутна на македонскиот пазар.

Обновувањето на авиолинијата доаѓа во период на раст на авиосообраќајот во земјава. Според податоците на ТАВ Македонија, двата македонски аеродрома во 2025 година опслужиле 3,48 милиони патници, што е зголемување од девет проценти во споредба со претходната година.

Колкав ќе биде придонесот на новата линија за туризмот и деловните врски ќе покаже побарувачката, како и одржливоста на редовните летови. објави Скопје1.мк

Continue Reading

Претходно: Утре се празнува Светиот апостол Јаков, брат Господов
Следно: Женската А репрезентација на Македонија ќе доби: Израел, Фарските Острови и Андора, како противници во Лигата на нации

Поврзани вести

Alta-banka-Bitola
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

Шеталиште 09/11/2026 12:39
petka-696x703
  • Македонија

Утре се празнува Светата маченичка Параскева (Петка) – ја жртвувала удобноста за да им помага на сиромашните

Шеталиште 09/11/2026 11:07
kapinkovski-naslov-2-1536x1095
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија У19: Капинковски го објави списокот со повикани фудбалери, за вториот квалификациски круг за ЕП 2027

Димитар Петковски 09/11/2026 10:49
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Кошаркарите на Пелистер го претрпеа четвртиот пораз во шест натпревари во Суперлигата вчера од ГКК Штип Screenshot_20261109_091718_Facebook 1
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

Кошаркарите на Пелистер го претрпеа четвртиот пораз во шест натпревари во Суперлигата вчера од ГКК Штип

09/11/2026 18:45
Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир bair-tunel 2
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

09/11/2026 13:08
Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември Francija-PSG 3
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

09/11/2026 13:04
Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено Alta-banka-Bitola 4
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

09/11/2026 12:39
Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто inflacija-1.jpg 5
  • Економија

Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто

09/11/2026 12:12

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20261109_091718_Facebook
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

Кошаркарите на Пелистер го претрпеа четвртиот пораз во шест натпревари во Суперлигата вчера од ГКК Штип

Димитар Петковски 09/11/2026 18:45
bair-tunel
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

Шеталиште 09/11/2026 13:08
Francija-PSG
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

Шеталиште 09/11/2026 13:04
20261109123651_big_730x400_3
  • Занимливости

Ретко голем бел тартуф од 850 грама продаден за 100.000 евра на аукција во Италија

Шеталиште 09/11/2026 12:44

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани