Од денеска до 24 септември во Прилеп, по 7-ми пат ќе се одржува Фестивалот на детски театар „Силјан Штркот“. Три претстави на македонските театри, четири работилници, посета на родното село на Силјан Штркот, Мало Коњари, промоција на книга, проекција на цртан филм под Саат кулата во Центарот на Прилеп. Богата програма, многу интерација со најмладите и пораки за најблагордната публика.
Фестивалот ќе го отвори претставата „Пинокио“ на битолскиот театар денеска напладне во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков.
– За нас, „Силјан Штркот“ одамна не е само фестивал на детски претстави. Тој е празник на децата, празник на театарот и нашиот град. Тој е приказна која расте заедно со нив. Приказна во која веруваме дека секое дете заслужува да има свое прво театарско доживувањње, своја омилена претстава, свој лик кој ќе го памети и својата мала тајна која ќе ја понесе дома по спуштањето на завесата.Ќе ги промовираме сликовниците „До небото и назад“ и „Љубов во топка“ на Ана Јовковска новинарка и писателна на осум книги. Низ креативна работилница ќе им ги доближи на децата од предшколска и раноучилишна возраст темите: емоции кај децата, пријателство, љубов, врсничко насилство (булинг), емаптија, љубов кон животните, грижа за природата, тага, прифаќање и добрина. Интерактивниот пристап на авторката ќе овозможи директно вклучување на малите читатели во разговорот и во приказната. Едукативниот дел ќе се одвива низ игра и низ едноставни прашања преку кои децата ќе се поттикнуваат критички да размислуваат, да преиспитуваат и да учат. А ќе имаме и промоција на „Тамара и Марко : Коњ, штрк и една жица од гитара“ од Јосипа Ризанковска Гарсија и илустраторката Марија Костова Мурџа објаснува Марија Илијеска Спиркоска, фестивал „Силјан Штркот“ – Прилеп.
Ангела Наумоска,директорка на Фестивалот нагласува дека програмата е конципирана за задоволство и интеракција со децата.
-Ќе има и театарски работилници, затоа што сакаме децата не само да го гледаат театарот, туку и да почувствуваат како се создава. Да играат, да истражуваат, да измислуваат, да бидат дел од процесот, нагласува Наумоска.
Денешната претстава „Пинкио“ е во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“, а другите претстави се во салата на прилепското кино „Мис Стон“. Фестивалот е со интенција да донесе претстави од странство.
Миа

