Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

По седум години повторно отворен комплексот „Македонско село“

Шеталиште 19/06/2025 12:22
img_20250619_121341_249

По седум години денеска повторно беше отворен комплексот „Македонско село“ кој се наоѓа на Водно во близина на Нерези. Нов концесионер е фирмата „Ла Тераца“ чија понуда беше избрана за најповолна на јавниот повик што го распиша Службата за општи и заеднички работи.

На отворањето беше присутен премиерот Христијан Мицкоски кој посочи дека комплексот ќе придонесе во развојот на туризмот и истакна дека државата бележи раст од 20 отсто споредбено со истиот период минатата година.

– Ги повикувам сите оние кои што не го посетиле „Македонско село“, да дојдат во посета, да уживаат овде, во тоа што го нуди овој објект. И се разбира, во периодот кој што следи, да се погрижиме сето она кое што за жал изминативе седум години беше заборавено, уништено, девастирано, полека, но сигурно го обновуваме и повторно му го враќаме сјајот и го ставаме во функција, едно по едно, во зависност од приоритетите и можностите. Туризмот, како што знаете, веќе го коментиравме на почетокот на годината, бележи вонредни резултати. Кај странските гости имаме посебно голем раст, повеќе од 20 отсто споредено со истиот период од минатата година, посочи Мицкоски.

Очекувањата, вели, се тој тренд да продолжи да се зголемува, посочувајќи го Министерството за култура и туризам како посветено во развојот на туризмот.

– Очекуваме тој тренд  да продолжи и да се зголемува. Работиме многу на тоа, така што и Министерството за култура и туризам тука е исклучително многу посветено, и се надевам дека ова место за туристите кои што ќе го посетуваат Скопје ќе биде убаво место за уживање, рече Мицкоски.

Според директорот на СОЗР Ивица Томовски, комплексот „Македонско село“ е идентитетот и културата на Македонците, бидејќи, како што рече, 12-те куќи кои имаат сопствена архитектура ја прераскажуваат многувековната историја на земјата.

– Комплексот е многу значаен за Скопје, многу значаен за Република Македонија од неколку аспекти. Еден од аспектите е дека во суштина ова е идентитетот, културата на нас Македониците, бидејќи има 12 куќи кои имаат сопствена архитектура и тоа ја прераскажува нашата многувековна историја. Покрај тоа што ја кажува историјата и идентитетот, со овој комплекс ќе се овозможи дополнителна туристичка дестинација за градот, зголемен број на туристи и отворање на нови работни места, рече Томовски.

Во врска со тоа дали постои јавен автобуски превоз до комплексот, Томовски рече дека има многу редок автобуски превоз и изрази надеж дека со доаѓање на нов градоначалник на Град Скопје ќе има почесто редовни линии, бидејќи, како што рече, со актуелната градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска „нема баш разбирање за се што значи држава и државност“.

– Автобуски превоз има, но многу е редок. Се надевам со доаѓање на нов градоначалник на Град Скопје ќе има почесто редовни линии, за да можат туристите и граѓаните на Град Скопје да дојдат и да го посетат местото, бидејќи со овој сегашен градоначалник немаме баш разбирање за се што значи држава и државност, посочи Томовски.

Фото: Влада 

img_20250619_122754_413
img_20250619_122754_290
img_20250619_122754_461
img_20250619_122754_979
img_20250619_122806_865
img_20250619_122816_579

Continue Reading

Претходно: Мицкоски: МВР го истражува случајот во РЕК Битола, на вработените е час поскоро да го оспособат блокот 2 и да биде во функција
Следно: „Амазон“ ќе произведува 10.000 самоуправувачки „роботакси“ – возила годишно

Поврзани вести

Brane-Petrushevski
  • Вести
  • Македонија

Петрушевски: Со закани, уцени и притисоци, Филипче и Заев сакале да ја земат болницата Жан Митрев

Шеталиште 19/01/2026 13:55
Lulzim-Aliu
  • Вести
  • Македонија

Заменик министерот за образование Алиу објави дека поднел неотповиклива оставка од функцијата

Шеталиште 19/01/2026 13:54
Venko-Filipche
  • Вести
  • Македонија

Филипче од Охрид: Дискусии да, но за прашања од интерес на сите граѓани

Шеталиште 19/01/2026 13:53
300 х 250 за портали
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Петрушевски: Со закани, уцени и притисоци, Филипче и Заев сакале да ја земат болницата Жан Митрев Brane-Petrushevski 1
  • Вести
  • Македонија

Петрушевски: Со закани, уцени и притисоци, Филипче и Заев сакале да ја земат болницата Жан Митрев

19/01/2026 13:55
Заменик министерот за образование Алиу објави дека поднел неотповиклива оставка од функцијата Lulzim-Aliu 2
  • Вести
  • Македонија

Заменик министерот за образование Алиу објави дека поднел неотповиклива оставка од функцијата

19/01/2026 13:54
Филипче од Охрид: Дискусии да, но за прашања од интерес на сите граѓани Venko-Filipche 3
  • Вести
  • Македонија

Филипче од Охрид: Дискусии да, но за прашања од интерес на сите граѓани

19/01/2026 13:53
Зголемени бројки на заболени од грип во Прилеп, но состојбата не е алармантна Centar za javno zdravje - Prilep 4
  • Вести
  • Прилеп инфо

Зголемени бројки на заболени од грип во Прилеп, но состојбата не е алармантна

19/01/2026 13:51
Претседателката Сиљановска-Давкова на одбележување на Богојавление – Водици во Охрид и во Струга Davkova-Ohrid 5
  • Вести
  • Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова на одбележување на Богојавление – Водици во Охрид и во Струга

19/01/2026 13:50

Можеби сте пропуштиле

Brane-Petrushevski
  • Вести
  • Македонија

Петрушевски: Со закани, уцени и притисоци, Филипче и Заев сакале да ја земат болницата Жан Митрев

Шеталиште 19/01/2026 13:55
Lulzim-Aliu
  • Вести
  • Македонија

Заменик министерот за образование Алиу објави дека поднел неотповиклива оставка од функцијата

Шеталиште 19/01/2026 13:54
Venko-Filipche
  • Вести
  • Македонија

Филипче од Охрид: Дискусии да, но за прашања од интерес на сите граѓани

Шеталиште 19/01/2026 13:53
Centar za javno zdravje - Prilep
  • Вести
  • Прилеп инфо

Зголемени бројки на заболени од грип во Прилеп, но состојбата не е алармантна

Шеталиште 19/01/2026 13:51

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани