Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Прилеп инфо

По смртта на двајца пациенти од сепса во прилепската болница, обвинителството отвори предмет

admin 22/02/2023 00:00
bolnica-prilep-1

Основното јавно обвинителство (ОЈО) од Прилеп по допрен глас оформи предмет по информациите за смрт на две лица во ЈЗУ Општа болница Прилеп – жена на возраст од 51 година и непознато машко лице – кај кои биле извршени оперативни зафати по што добиле интрахоспитална бактерија од која починале.

Обвинителството соопшти дека веднаш по овие случаи сите операциони сали во болницата „Борка Талески“ во Прилеп се затворени од 16 февруари. Итните хирурши интервенции се вршат во блиските регионална клиничка болница во Битола.

Исто така, прилепското обвинителство постапува и по добиена информација преку допрен глас за несовесно лекување на лице на возраст од 30 години на Одделот за неврологија при ЈЗУ Општа болница Прилеп. Пациентот, наводно, бил лекуван десетина дена со погрешна дијагноза.

„Со цел да ги провери овие информации и евентуална кривична одговорност, надлежен јавен обвинител издаде барања за прибавување на целокупната писмена документација во врска со овие случаи од Државниот санитарен и здравствен инспекторат Прилеп и од ЈЗУ Општа болница Прилеп. Издадена е и наредба до МВР – ОВР Прилеп да изврши информативни разговори со службени лица во болницата, со роднини и блиски лица на пациентите. По извршените проверки ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапката“, соопштија од ОЈО Прилеп.

Директорката на болницата во Прилеп Кети Смилевска за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека се затворени операциони сали.

„Кај 51-годишната пациентка по протокол се земени три последователни хемокултури од кои во првата хемокултура е најдено присуство на Staphylococcus epidermidis, а останатите 2 се негативни. По протокол уште пред добивањето на наодот од Микробиологија емпириски е отпочната комбинирана антимикробна терапија која беше соодветна на добиениот антибиограм од првата хемокултура. Наодот им беше соопштен на Клиниките на терциерно ниво каде пациентката беше трансферирана и на кои беше ординирана и проширена соодветна антимикробна и останата терапија“, велат од Комисијата за интрахоспитални инфекции при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп и додаваат дека се чека обдукцискиот наод од Институтот за патологија.

Според непотврдени извори, пациентката имала направено киретажа поради менопауза на Одделението за гинекологија во Прилеп. Подоцна настапила смрт, а причините се испитуваат.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) соопштија дека е извршен епидемиолошки увид по појава на случај на пациентка кај која е извршена интервенција на Одделот за гинекологија после кој се јавиле симптоми на сепса. Земени се примероци од нежива средина, испироци од раце на вработен здравствен персонал, извршени се вонредни здравствено-хигиенски прегледи, по што е препорачано затворање на операционите сали до добивање на резултатите од земените примероци.

Според ДСЗИ, од земениот примерок за хемокултура во прилепскиот Центар за јавно здравје добиен е позитивен изолат на Staphylococcus epidermidis. Пријавена е интрахоспитална инфекција. Причините за смртта уште не се познати. Се чека извештај од патоанатомскиот наод. Телото е предадено за обдукција на Институт за патологија.

Continue Reading

Претходно: Кривична пријава против маж од Битолско за предизвикување пожар
Следно: Голема снежна бура во САД: Температури до -45 Целзиусови степени, затворени фирми и училишта

Поврзани вести

baner_opstina
  • Вести
  • Битола инфо

Зголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во Битола – надзори и во вечерните часови и за викенд

Шеталиште 14/08/2026 09:00
sovet-opstina-bitola
  • Вести
  • Битола инфо

Општина Битола: 475 дискусии, Советот е конструктивен, продуктивен и го обезбедува демократското преставување на граѓаните

Шеталиште 14/08/2026 08:54
DSCF8819_resized
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Битола подготвена за првиот фестивал „Битолски чалгиски денови“

Шеталиште 14/08/2026 08:50
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

МНРиНТ: Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција 20260814104056_big_730x400_47 1
  • Балкан

МНРиНТ: Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција

14/08/2026 09:56
Николоски: Историски раст на авиосообраќајот, аеродромите во Скопје и Охрид со повеќе од два милиони патници во првите шест месеци и 28 нови дестинации 20260814110215_big_730x400_34 2
  • Македонија

Николоски: Историски раст на авиосообраќајот, аеродромите во Скопје и Охрид со повеќе од два милиони патници во првите шест месеци и 28 нови дестинации

14/08/2026 09:55
Зголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во Битола – надзори и во вечерните часови и за викенд baner_opstina 3
  • Вести
  • Битола инфо

Зголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во Битола – надзори и во вечерните часови и за викенд

14/08/2026 09:00
Општина Битола: 475 дискусии, Советот е конструктивен, продуктивен и го обезбедува демократското преставување на граѓаните sovet-opstina-bitola 4
  • Вести
  • Битола инфо

Општина Битола: 475 дискусии, Советот е конструктивен, продуктивен и го обезбедува демократското преставување на граѓаните

14/08/2026 08:54
Битола подготвена за првиот фестивал „Битолски чалгиски денови“ DSCF8819_resized 5
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Битола подготвена за првиот фестивал „Битолски чалгиски денови“

14/08/2026 08:50

Можеби сте пропуштиле

20260814104056_big_730x400_47
  • Балкан

МНРиНТ: Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција

Шеталиште 14/08/2026 09:56
20260814110215_big_730x400_34
  • Македонија

Николоски: Историски раст на авиосообраќајот, аеродромите во Скопје и Охрид со повеќе од два милиони патници во првите шест месеци и 28 нови дестинации

Шеталиште 14/08/2026 09:55
baner_opstina
  • Вести
  • Битола инфо

Зголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во Битола – надзори и во вечерните часови и за викенд

Шеталиште 14/08/2026 09:00
sovet-opstina-bitola
  • Вести
  • Битола инфо

Општина Битола: 475 дискусии, Советот е конструктивен, продуктивен и го обезбедува демократското преставување на граѓаните

Шеталиште 14/08/2026 08:54

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани