Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

По 20ти пат ќе се одржи “Божиќен ручек” од Детска Амбасада за сите деца во светот

Шеталиште 05/01/2026 09:37
1

По Јубилеен 20-ти пат, традиционално, во организација на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, 500 деца ќе се дружат на свечен Божикен Ручек, во прекрасната сала за свечености „Симфонија“ во Прилеп, ќе го слават Христовото раѓање. На овој свечен настан Детската Амбасада за Сите Деца во Светот го доделува најпрестижното признание за општествена одговорност ОРДЕН ЗА НОСИТЕЛ НА МИРОТ. Оваа година ова меѓународно признание и го доделуваме на Амбасадорката на сите деца во светот Н.Е. Г-ѓа Гордана Нацева.

И оваа година гости ќе бидат традиционално деца од целата територија на нашата држава на заедничка трпеза ќе го прослават Божик, денот на Христовото раѓање и на таа заедничка трпеза ќе седнат деца од различни целни групи, како и истакнати деца – членови на Детската Амбасада. Децата се од Прилеп, од Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Струмица, Охрид, Штип и од другите градови и општини ширум државава.

Како и секоја година нашата порака е во рамките на нашето мото „Едно небо за сите деца“, а тоа значи децата да се почитуваат помеѓу себе, да нема дискриминација и насилна комуникација, да преовладува толеранцијата и сите ние заеднички да придонесуваме кон градење на нашето општество. Бидејќи децата се нашата иднина.

Вредностите кои се промовираат со самиот настан се: еднаквоста, љубовта и мирот помеѓу децта. Тоа пак води до нашиот постулат на програмските задачи на Детската Амбасада дека сите деца се исти и еднакви во остварувањето на нивните права, односно дека ништо не е позначајно од среќата на детското лице, па затоа на оваа Божикна трпеза заедно се дружат деца од другите верски заедници, од исламската, католичката, еврејската и евангелско-методистичката, кои заедно ќе се дружат и ќе празнуваат.

Со благослов на Неговото Високо Преоствештенство, Митрополитот Преспанско-Пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски, Господин Петар, оваа година ручекот ќе го благослови Неговото Преосвештенство, Викарниот Архиереј на Преспанско – Пелагониската Епархија, Господин Никола, а на сите деца ќе им се доделат пакетчина за слатки сеќавања на Божикниот Ручек, за кои се погрижи Градоначалникот на Општина Прилеп г-дин Дејан Проданоски. Како до сега, така и оваа година за збогатување на свеченоста ќе се погрижат од танц студио „Зодијак“ од Прилеп. И оваа година ќе не забавува нашата звездичка Димитар Иваноски од Прилеп, и на наше големо задоволство, пред се на децата, овој Божик ќе ни биде гостин македонската мегазвезда Христијан Настески – Пајак.

И оваа година, покрај добитникот на Орденот за носител на мирот, ќе се доделат и ПЛАКЕТА ЗА ПРИЈАТЕЛ НА ДЕЦАТА, за кои Детската Амбасада за Сите Деца во Светот одлучи да ги додели на: ЈП Македонска Радио Телевизија, Канал 5 Телевизија, Наша Тв Телевизија, Телевизија Тера, Радио Пела, Радио Холидеј и порталите Инфокомпас, Маркукуле и Шеталиште, медиумски покровители на Божикниот ручек во сите овие изминати 20 години.

Организацијата на овој 20-ти по ред Божикен Ручек успешно се реализира благодарение на пријателите на децата и Детската Амбасада, ЕЛС на Општина Прилеп, АК Инвест од Тетово, Алкалоид А.Д. од Скопје, Дексл Мајер од Кавадарци, Фиви принт од Охрид, Бимфуд Доо од Прилеп, Ингредиа од Кавадарци, Прилепска Пивара од Прилеп, Млекара А.Д. Битола од Битола, Винчини од Виница, Дизниленд трејд од Прилеп, Цвеќарница Дани од Прилеп, Фан продукција Зоран од Прилеп, Лолипоп ентертејмент груп од Скопје, како и сопствениците на пракрасната сала за свечености Симфонија од Прилеп.

Медиумски покровители на овој настан се: Канал 5 Телевизија, Македонската Радио Телевизија, Наша ТВ Телевизија, Тера Телевизија, Радио Холидеј и Радио Пела, веб порталите Шеталиште, Маркукуле и Инфокомпас.

Continue Reading

Претходно: Денеска се празнува Свети Наум Охридски – Чудотворец, еден од основоположниците на македонската писменост
Следно: Бадниковите поворки годинава во рекордни 80 градови и места во Македонија

Поврзани вести

stetoskop-doktor-lekaryj56u56u56u56-1
  • Македонија

Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство

Шеталиште 16/01/2026 14:26
avion-2
  • Македонија

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

Шеталиште 16/01/2026 14:00
MVR
  • Македонија

МВР апелира да не се отвораат сомнителни линкови и пораки и да не се споделуваат лични податоци

Шеталиште 16/01/2026 12:48
300 х 250 за портали
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона 1
  • Вести
  • Битола инфо

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

16/01/2026 16:24
Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство stetoskop-doktor-lekaryj56u56u56u56-1 2
  • Македонија

Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство

16/01/2026 14:26
Од март нова авиолинија Охрид – Братислава avion-2 3
  • Македонија

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

16/01/2026 14:00
Општина Битола инвестира 4,7 милиони евра – Реконструкција и нови спортски сали IMG_6138 4
  • Битола инфо

Општина Битола инвестира 4,7 милиони евра – Реконструкција и нови спортски сали

16/01/2026 12:56
Проданоски: Прилеп го позиционираме како значајна карневалска дестинација во Европа img_6127-750x375 5
  • Прилеп инфо

Проданоски: Прилеп го позиционираме како значајна карневалска дестинација во Европа

16/01/2026 12:52

Можеби сте пропуштиле

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона
  • Вести
  • Битола инфо

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

Шеталиште 16/01/2026 16:24
stetoskop-doktor-lekaryj56u56u56u56-1
  • Македонија

Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство

Шеталиште 16/01/2026 14:26
avion-2
  • Македонија

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

Шеталиште 16/01/2026 14:00
IMG_6138
  • Битола инфо

Општина Битола инвестира 4,7 милиони евра – Реконструкција и нови спортски сали

Шеталиште 16/01/2026 12:56

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани