Состојки:
– 2 филети пилешко бело месо
– 200 грама кашкавал
– 300 грама чадено месо или свински врат
– 1 павлака
– 2 јајца
– 3 чешниња лук
– 5 лажици сенф
Подготовка:
1. Филетите исчукајте ги и мошне малку посолете ги, па наредете ги во подмачкан плех.
2. Премачкајте ги со сенф и со добро изгмечен лук.
3. Врз сенфот изрендајте го кашкавалот.
4. Наредете го сувото месо, повторно премачкајте со сенф, сега наредете го кашкавалот исечен во листови.
5. Изматете ги јајцата и павлаката и прелијте ги со кашкавал.
6. Бајадерата печете ја 30 минути на 200 степени. Оставете да се излади и исечете ја како бајадера.
7. Ако не можете да чекате да се излади, исечете ја на коцки и послужете ја со салата.
Извор: Слободен печат

