Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Православните верници денеска го одбележуваат празникот на Света Марина, во народот познат како Огнена Марија

Шеталиште 30/07/2025 06:46
crkva-pixa21

Православните верници на 30 јули го одбележуваат празникот на света великомаченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, која се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените.

Света Марина била родена во Антиохија, Писидиска, од родители незнабожци. Дури во својата дванаесетта година слушнала за Господ Исус Христос, дека се воплоти од Пречистата Дева, дека изврши многу чуда, прими крсна смрт и славно воскресна.

Таа се заветувала дека никогаш нема да се мажи и со сета душа сакала да пострада за Христа, да се крсти со крв на мачеништво. Татко ѝ ја замразил заради нејзината вера и не ја сметал за ќерка.

Кога царскиот намесник Олимвриј дознал дека е христијанка, побарал од неа да му биде жена, а кога го одбила ѝ наредил да им се поклони на идолите, при што таа повторно одбила.

Тогаш Олимвриј ја подложил на маки и ја фрлил в затвор.

Во затворот ѝ се јавил најпрво ѓаволот како страшна змија и ѝ се намоткал околу главата. Но, штом светителката се прекрстила, змијата се распукнала и исчезнала.

Другиот ден безумниот судија ја мачел во оган и во вода, но Марина сè претрпела. Најпосле била осудена на смрт со меч.

Според народното верување, Света Марина пали и казнува со огин и како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во огнени светци.

Обичај е на овој празник, кога поради големата жештина гори и небото и земјата, ништо да не се работи.

Во преданијата има примери за оган и громови кои во врелите празнични денови го палеле житото, сеното и домовите на луѓето кои работеле на овој празник.

Continue Reading

Претходно: Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
Следно: Пред нас е неработен ден – во следниот месец уште два такви и еден продолжен викенд

Поврзани вести

20260519143612_big_730x400_77
  • Македонија

Се зголемува бројот на пациенти со инфламаторни цревни заболувања, клучни се превентивните прегледи

Шеталиште 19/05/2026 14:35
policija_1000x666-1
  • Македонија

МВР: Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола

Шеталиште 19/05/2026 14:27
chevel-zlatna-plochka
  • Македонија

Златна плочка пронајдена во чевел на патник на преминот Богородица

Шеталиште 19/05/2026 12:02
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Примени кандидати во Државно средно – Спортска Академија по паралелки за фудбал во Битола, Охрид и Прилеп topka-ffm-1-1536x1134 1
  • Вести
  • Битола инфо
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Примени кандидати во Државно средно – Спортска Академија по паралелки за фудбал во Битола, Охрид и Прилеп

20/05/2026 04:15
Куп на Македонија: Силекс и Шкендија во борба за трофејот на арената „Тодор Проески“ kup-grupna-1536x1027 2
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Куп на Македонија: Силекс и Шкендија во борба за трофејот на арената „Тодор Проески“

19/05/2026 20:45
Пожарникарите во Прилеп подготвуваат спектакуларна показна вежба за својот ден img_2839-1200x670 3
  • Прилеп инфо

Пожарникарите во Прилеп подготвуваат спектакуларна показна вежба за својот ден

19/05/2026 14:37
Се зголемува бројот на пациенти со инфламаторни цревни заболувања, клучни се превентивните прегледи 20260519143612_big_730x400_77 4
  • Македонија

Се зголемува бројот на пациенти со инфламаторни цревни заболувања, клучни се превентивните прегледи

19/05/2026 14:35
50 – годишен битолчанец приведен, физички ја нападнал својата малолетна ќерка policija-bt-1 5
  • Битола инфо

50 – годишен битолчанец приведен, физички ја нападнал својата малолетна ќерка

19/05/2026 14:30

Можеби сте пропуштиле

topka-ffm-1-1536x1134
  • Вести
  • Битола инфо
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Примени кандидати во Државно средно – Спортска Академија по паралелки за фудбал во Битола, Охрид и Прилеп

Димитар Петковски 20/05/2026 04:15
kup-grupna-1536x1027
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Куп на Македонија: Силекс и Шкендија во борба за трофејот на арената „Тодор Проески“

Димитар Петковски 19/05/2026 20:45
img_2839-1200x670
  • Прилеп инфо

Пожарникарите во Прилеп подготвуваат спектакуларна показна вежба за својот ден

Шеталиште 19/05/2026 14:37
20260519143612_big_730x400_77
  • Македонија

Се зголемува бројот на пациенти со инфламаторни цревни заболувања, клучни се превентивните прегледи

Шеталиште 19/05/2026 14:35

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани