Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Прва национална проценка на нутритивните средини во и околу училиштата, децата се опкружени со нездрава храна

Шеталиште 29/05/2026 08:19
deca-hrana

Новата национална проценка на нутритивните средини во училиштата во државава открива дека нездравите опции на храна и пијалаци се широко достапни и се промовираат во и околу училиштата, додека здравите опции се ограничени, обликувајќи ги навиките во исхраната кај децата и отежнувајќи им го изборот на здрава храна, соопшти денеска Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.

Проценката, спроведена во соработка со Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, со поддршка од УНИЦЕФ, претставува прв сеопфатен преглед на училишните нутритивни средини во земјата. Во неа се опфатени 40 основни и средни училишта, а учествувале околу 1 700 ученици.

– Наодите укажуваат на слична состојба во сите училишни средини – кога и да побара детето храна на училиште, нездравата опција е секогаш тука, а здравата честопати ја нема, се вели во соопштението.

Во отсуство на национална програма за училишна исхрана, посочуваат, многу деца купуваат храна во училишните продавници или од автомати. Истражувањето покажува дека во секое училиште каде што се продава храна (20 проценти од опфатените училишта), сите опции биле нездрави. Освен тоа, речиси сите ученици, кога се на училиште, можат да купуваат храна од блиските продавници, каде што се широко достапни и интензивно се рекламираат засладени пијалаци и ултрапреработени производи богати со масти, шеќер и сол.

– Проценката покажа дека училиштата што обезбедуваат оброци (35 проценти од опфатените училишта) ги почитуваат националните стандарди за исхрана, меѓутоа, нездравата храна често е присутна во училишните ужинки – што укажува на потребата од построги стандарди со кои ќе се воведат ограничувања за нездравата храна. Од друга страна, наодите покажуваат силна поддршка меѓу учениците за поздрава нутритивна средина во училиштата. Над 80 проценти поддржуваат обезбедување здрави и хранливи оброци во училиштата, 60 проценти веруваат дека намалувањето на достапноста на нездрава храна во и околу училиштата би им помогнало да направат поздрав избор, а 85 проценти велат дека храната што се продава во училиштата треба да биде со прифатлива цена, се посочува во соопштението.

Како што наведуваат, наодите се надоврзуваат на веќе постоечките докази за предизвиците со исхраната на децата во државава, каде што околу една третина од децата на возраст од 7 до 9 години живее со прекумерна тежина или дебелина. Со нив се истакнува влијанието на училишната средина врз секојдневниот избор на храна на децата.

Во проценката се посочуваат неколку препораки, вклучувајќи зајакнување на постојните стандарди за исхрана за училишни оброци и ужини, подобрување на пристапот до здрави опции, ограничување на достапноста на храна и пијалоци богати со сол, шеќер или масти во училиштата, како и воведување построги мерки за ограничување на маркетингот на ултрапреработена храна и засладени пијалаци.

Со цел да се поддржи гласот на децата, УНИЦЕФ и партнерите ја започнуваат кампањата #ШтоИмаЗаЈадење, ко-креирана заедно со деца и адолесценти од пет училишта низ земјата.

Со кампањата се повикува на поздрава училишна исхрана и помала изложеност на реклами за нездрава храна, истакнувајќи едноставна порака: тешко е да се направи здрав избор кога доминираат нездрави опции.

Како дел од кампањата, сите ученици низ земјата се поканети да учествуваат во предизвикот на социјалните мрежи #ШтоИмаЗаЈадење, да помогнат во подигањето на свеста за реалноста со која децата секојдневно се соочуваат и да поттикнат јавна дискусија за поздрава училишна средина.

Фото: Канцеларија на УНИЦЕФ во Скопје 

Извор: МИА

Continue Reading

Претходно: ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на ист став со Петрова Чамова, ќе преговара со Европа за интересите на Бугарија
Следно: Димитриевски: Подготвени сме за Босна, сакаме добар натпревар во двата правци

Поврзани вести

image-253989
  • Македонија

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината

Шеталиште 18/06/2026 08:02
zesko-sonce
  • Македонија

Викенд временска прогноза: Сонце па невреме – Од понеделник уште потопло

Шеталиште 18/06/2026 07:48
megjunarodna-vozacka-dozvola
  • Вести
  • Балкан
  • Македонија
  • Регион
  • Свет

Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура

Шеталиште 18/06/2026 06:43
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината image-253989 1
  • Македонија

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината

18/06/2026 08:02
Пиво Фест од 17ти до 19ти јули во Прилеп а 2
  • Прилеп инфо

Пиво Фест од 17ти до 19ти јули во Прилеп

18/06/2026 08:00
Европските индекси бележат мал раст, цената на нафтата продолжува да паѓа nafta-1 3
  • Економија

Европските индекси бележат мал раст, цената на нафтата продолжува да паѓа

18/06/2026 07:48
Викенд временска прогноза: Сонце па невреме – Од понеделник уште потопло zesko-sonce 4
  • Македонија

Викенд временска прогноза: Сонце па невреме – Од понеделник уште потопло

18/06/2026 07:48
Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура megjunarodna-vozacka-dozvola 5
  • Вести
  • Балкан
  • Македонија
  • Регион
  • Свет

Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура

18/06/2026 06:43

Можеби сте пропуштиле

image-253989
  • Македонија

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината

Шеталиште 18/06/2026 08:02
oriz-so-pileshko
  • Рецепти

Ориз со пилешко и зеленчук

Шеталиште 18/06/2026 08:01
а
  • Прилеп инфо

Пиво Фест од 17ти до 19ти јули во Прилеп

Шеталиште 18/06/2026 08:00
simona-bitola
  • Настани

Промоција на „Ништо нормално“ од Симона Јованоска во Битола

Шеталиште 18/06/2026 07:54

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани