Битола може да очекува дека 2024 година ќе биде плодна и бериќетна. Во Клиничката болница во Битола и во приватната болница Плодност се родија две женски бебиња. Првото бебе кое се роди во Клиничката болница во Битола во 2 часот после полноќ беше женско. Среќната мајка Сара Велјановска се породи по природен пат и на бебето му го даде името Илина. Другите две бебиња кои во Новата Година се родија во битолската болница се машки.
Првите бебиња во Новата Година во Битола се женски
