Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Прилеп инфо

Првпат во Прилеп изведена животоспасувачка тромболиза кај пациент со акутен мозочен удар

Шеталиште 12/01/2026 15:25
615423551_122169206354756596_750763214721980226_n

Денес, на Одделот за неврологија при Невропсихијатриското одделение на ЈЗУ Општа Болница Прилеп, беше остварен важен момент за здравството во градот Прилеп со првото успешно спроведување на интравенска тромболиза – високо специјализирана и животоспасувачка интервенција за акутен третман на исхемичен мозочен удар.

Оваа современа терапевтска постапка се применува во строго дефиниран временски прозорец од појавата на симптомите и има за цел навремено да се воспостави протокот на крв во засегнатото мозочно ткиво, со што се спречува трајно оштетување и се овозможува целосно или значително повлекување на невролошкиот дефицит.

Првиот пациент, млад маж на 29-годишна возраст, беше примен поради нагло настаната слабост на левата рака, асиметрија на лицето и отежнат, неразбирлив говор.

Благодарение на брзата дијагностика и навремената примена на терапијата, по интервенцијата пациентот е во целост без невролошки последици и без појава на компликации.

Процедурата ја реализираше д-р Петар Кузмановски, во координација со стручен и посветен тим од медицинските сестри Аница, Соња и Зорица, чија професионалност и организираност беа од клучно значење за успешниот исход.

Паралелно со денешното достигнување, во рамки на Одделот се воведени и систематски скрининг прегледи со доплер сонографија на вратните крвни садови кај сите невролошки пациенти, со што се воспоставува современ пристап кон рана дијагностика, како и кон примарна и секундарна превенција на исхемичниот мозочен удар.

Денешниот ангажман на медицинскиот тим претставува пример за тимска работа, брза организација и искрена грижа за пациентот, со што уште еднаш се потврдува високото ниво на квалитет и хуманост во здравствената услуга што ја нуди ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Прилеп објави Општата болница Прилеп.

Continue Reading

Претходно: Здравствените работници ќе може бесплатно да се вакцинираат против хепатитис Б
Следно: Брзи тестенини со туна и зеленчук

Поврзани вести

raboti-na-kompjuter-696x411
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

Шеталиште 16/06/2026 14:07
policija-8
  • Прилеп инфо

Расчистен случај на подметнат пожар во возило во Прилеп: 34-годишник ќе одговара кривично

Шеталиште 16/06/2026 06:53
Bebe
  • Прилеп инфо

Прилепчанка си го удирала тримесечното бебе од асфалт во Тетово

Шеталиште 15/06/2026 12:14
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега policija-8 1
  • Битола инфо

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега

17/06/2026 14:55
Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица Screenshot 2026-06-17 123422 2
  • Македонија

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица

17/06/2026 13:00
НБРМ ја зголеми основната каматна стапка 1-denari-pari-1 3
  • Економија

НБРМ ја зголеми основната каматна стапка

17/06/2026 12:48
Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски sv-mitrofan 4
  • Македонија

Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски

17/06/2026 07:19
Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер Oblacno-vreme-vo-skopje 5
  • Македонија

Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер

17/06/2026 07:18

Можеби сте пропуштиле

policija-8
  • Битола инфо

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега

Шеталиште 17/06/2026 14:55
img-89e590f70cfd8cba5dc679aafdbe70e1-v-696x522
  • Настани

Работилница за мозаик за млади во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

Шеталиште 17/06/2026 14:54
Screenshot 2026-06-17 123422
  • Македонија

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица

Шеталиште 17/06/2026 13:00
1-denari-pari-1
  • Економија

НБРМ ја зголеми основната каматна стапка

Шеталиште 17/06/2026 12:48

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани