Превентивни активности на МВР за побезбеден сообраќај и заштита од пожари вчера беа преземени од секторите за внатрешни работи Битола и Куманово.
– На подрачјето на СВР Битола, полициски службеници од Одделенијата за внатрешни работи Македонски Брод, Прилеп и Ресен спроведоа превентивни активности од неколку кампањи за безбедност во сообраќајот: „Никогаш не вози под дејство на алкохол“, „Паркирај совесно, паркирај одговорно“ и „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, соопштуваат од МВР.
Од полициските службеници на граѓаните им беа делени и едукативни летоци со информативни содржини, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
– Покрај овие активности, СВР Битола продолжи и вчера, во соработка со ЈП „Национални шуми“ и Шумската полиција, да ја спроведува кампањата за заштита на шумите од пожари и бесправна сеча, известуваат од полицијата.
Во Куманово, пак, полициски службеници од СВР Куманово во повеќе основни училишта во градот реализираа едукативни предавања за учениците, односно практична настава за сообраќајните правила и прописи важни за безбедноста на децата во сообраќајот и како пешаци и како корисници на велосипеди и тротинети.
– Воедно децата беа запознати со улогата и задачите на полицаецот-сообраќаец, информираат од МВР.