Во петок, 3 октомври, со почеток во 17:00 часот, во дворот на Општина Новаци ќе се одржи предизборен митинг на ВМРО-ДПМНЕ. На настанот ќе присуствува премиерот на Република Македонија и претседател на партијата, Христијан Мицкоски.
Пред присутните ќе биде претставен кандидатот за градоначалник за втор мандат, Стевче Стевановски, носителот на листата Илче Трајковски, како и кандидатите за советници.
„Доаѓаме заедно да испратиме силна порака за промени, надеж и подобра иднина! Вашата поддршка е нашата сила! Да се обединиме за победа! Да го избереме патот на иднината што ќе ја памети историјата“, изјави кандидатот за градоначалник на Новаци, Стевче Стевановски.

