Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

cropped-1050-x-170.gif
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Вести
  • Македонија

Предлогот Азир Алиу да биде министер за здравство утре пред Собранието

admin јуни 8, 2025
Azir-Aliu

Собранието утре во рамки на 54. седница треба да го разгледа владиниот предлог Азир Алиу да биде министер за здравство. На седницата, според дневниот ред, е и предлогот за именување на Албрим Хоџа за заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Предлог-текстот за Алиу доставен од Владата и потпишан лично од премиерот Христијан Мицкоски, ја содржи биографијата на кандидатот. Во неа се наведува дека Алиу е дипломиран електроинженер и доктор по информатички науки кој моментно ја извршува функцијата редовен професор на Факултетот за компјутерски науки и технологии при Универзитетот на ЈИЕ во Тетово. Алиу беше министер за информатичко општество и администрација во 2023 и 2024 година, а, согласно доставеното ЦВ, бил и на други високи и одговорни позиции.

Мицкоски минатата недела во изјава за медиумите рече дека очекува добра соработка со Алиу во рамки на Владата. Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити смета дека Алиу е најдобар предлог за министер за здравство. Министер, како што рече неодамна Меџити, треба да биде добар менаџер кој го познава системот и кој може да придонесе за подобрување на ресорот.

Алиу е дел од Алијансата за Албанците која останува во Вреди по оставката од 15 мај годинава на Арбен Таравари и неговата одлука да замине во опозиција.

И предлогот за Хоџа да биде  заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство е потпишан од премиерот Мицкоски. Во биографијата на кандидатот се наведува дека тој е новинар со повеќегодишно работно искуство, а своето образование го стекнал на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово.

Фото: Алфа ТВ

Continue Reading

Претходно: Утре топло со температура до 38 степени
Следно: Денес е Ден на Светиот Дух

Поврзани вести

marjan-risteski-1024x570-1
  • Македонија

За четири дена доставени повеќе од 2.500 пријави за самовработување

Шеталиште јуни 13, 2025
nevreme
  • Македонија

Останува поумерено топло, од вторник чести врнежи и грмежи

Шеталиште јуни 13, 2025
UJP-foto
  • Вести
  • Економија

УЈП: Сите угостители, трговци и вршители на дејност да го регистрираат готовинскиот промет и да издаваат фискални сметки

Шеталиште јуни 13, 2025
300_X_250
300 x 250

Тренд Вести

Голем пожар во Дубаи: Гореше облакодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе pozar-dubai- 1
  • Свет

Голем пожар во Дубаи: Гореше облакодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе

јуни 14, 2025
И Франција планира забрана за социјалните мрежи за децата kid-with-phone-get-arhive 2
  • Свет

И Франција планира забрана за социјалните мрежи за децата

јуни 14, 2025
Тројца тинејџери завршија во битолската болница по страшен судир на мопеди policija-8 3
  • Битола инфо

Тројца тинејџери завршија во битолската болница по страшен судир на мопеди

јуни 14, 2025
Концерт на воените оркестри од Македонија и Обединетото Кралство во Прилеп FB_IMG_1749848096266 4
  • Прилеп инфо

Концерт на воените оркестри од Македонија и Обединетото Кралство во Прилеп

јуни 13, 2025
За четири дена доставени повеќе од 2.500 пријави за самовработување marjan-risteski-1024x570-1 5
  • Македонија

За четири дена доставени повеќе од 2.500 пријави за самовработување

јуни 13, 2025

Можеби сте пропуштиле

pozar-dubai-
  • Свет

Голем пожар во Дубаи: Гореше облакодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе

Шеталиште јуни 14, 2025
Kolach-2-640x430
  • Рецепти

Колач со боровинки и крем-сирење што ќе го обожавате: Ова е идеалниот летен десерт

Шеталиште јуни 14, 2025
nagradi - site
  • Театар

Две награди за „Црно семе“ на Битолскиот театар на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Шеталиште јуни 14, 2025
kid-with-phone-get-arhive
  • Свет

И Франција планира забрана за социјалните мрежи за децата

Шеталиште јуни 14, 2025
2025 © Сите права се задржани