Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Предлог-законот го регулира пушењето на отворен јавен простор каде има присуство или движење на повеќе луѓе

Шеталиште 21/01/2026 12:09
332024-poskapuvaat-cigarite-vo-regionot-makedonija-sepak-se-pushi-najevtino

Со новиот предлог-закон за заштита од пушењето е предвидено регулирање на пушењето на отворени јавни простори каде има присуство или движење на повеќе луѓе. Поконкретно, станува збор за простор околу здравствени, образовни и социјални установи, јавни настани, спортски и културни настани, како и места наменети за деца, млади и семејства.

  • Ова е особено важен аспект од законската рамка, имајќи предвид дека кога луѓето се блиску, чадот и аеросолот директно се вдишуваат, а изложеноста е непосредна. На јавни отворени простори граѓаните немаат реален избор да се оддалечат, а особено децата, постарите и хронично болните. Законот интервенира само таму каде што постои неизбежна изложеност на други лица, со цел јавниот простор да биде здрав простор за сите, потенцира министерот за здравство, Азир Алиу.

Посебен акцент е ставен нa локациите каде луѓето не можат реално да избегнат изложеност на чадот од цигари, како на пример, при чекање во ред, простори на отворено каде се престојува подолго и други јавни собири на отворено. За илустрација, луѓето кои чекаат во редица за да купат билет за влез во установа од областа на културата или за влез на спортски натпревар, реално не можат да избегнат изложеност на чад од цигари. Целта на предлог-законот е да се заштити здравјето на оваа категорија население.

Исто така, во делот на регулирање на пушењето на отворени јавни простори, посебно е ограничено пушењето на места наменети за деца, млади и семејства, како на пример пред детските игротеки, каде најмладите не би можеле да избегнат изложеност на чад од цигарите.

  • Отворен простор не значи автоматски безбеден простор, доколку истиот е функционално ограничен или кога луѓето се наоѓаат на мало растојание и се директно изложени на чад од цигари. Токму затоа, ова е еден од клучните аспекти на законската рамка за заштита на здравјето на населението, а особено на најмладите, појаснува министерот Алиу.

 

 

 

 

Извор:Тв21

Continue Reading

Претходно: ПАРИ: Интервју со Никола Јошевски: Фокусот на финансиските друштва веќе не е квантитетот, туку квалитетот и довербата
Следно: Просечната нето-плата во ноември 45.961 денар

Поврзани вести

20260216130149_big_730x400_71
  • Македонија

Рано е да се каже колку од земјоделските површини претрпеа штети, се санираат речните корита за да нема нови поплавувања

Шеталиште 16/02/2026 12:30
denes-pochnuva-bela-nedela-koga-vernicite-se-podgotvuvaat-za-veligdenskiot-post-shto-treba-da-pravite-01
  • Македонија

Денес почнува „Бела недела“, кога верниците се подготвуваат за Велигденскиот пост – Што треба да правите?

Шеталиште 16/02/2026 12:29
sobranie
  • Македонија

Собранието со низа активности, јавна расправа за употреба на АИ, брифинг со новинари и седница на земјоделската комисија

Шеталиште 16/02/2026 08:16
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, се заоструваат критериумите за поддршката да оди кај вистинските земјоделци 20260216130149_big_730x400_71 1
  • Економија

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, се заоструваат критериумите за поддршката да оди кај вистинските земјоделци

16/02/2026 12:58
Два дена нема трага од Виктор Илиоски од Прилеп, апел до граѓаните за помош 8 2
  • Прилеп инфо

Два дена нема трага од Виктор Илиоски од Прилеп, апел до граѓаните за помош

16/02/2026 12:43
Од ноќеска поскапуваат горивата – еве за колку gorivo-pumpa-750x350-2 3
  • Економија

Од ноќеска поскапуваат горивата – еве за колку

16/02/2026 12:39
Општина Битола испрати тим и помош во поплавените подрачја во Кичево img_7764-1140x570-1-1044x522 4
  • Битола инфо

Општина Битола испрати тим и помош во поплавените подрачја во Кичево

16/02/2026 12:36
УЈП: Пилот-фазата на е-фактура успешно се спроведува, досега верификувани 396 20260216123229_big_730x400_79 5
  • Економија

УЈП: Пилот-фазата на е-фактура успешно се спроведува, досега верификувани 396

16/02/2026 12:34

Можеби сте пропуштиле

20260216130149_big_730x400_71
  • Економија

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, се заоструваат критериумите за поддршката да оди кај вистинските земјоделци

Шеталиште 16/02/2026 12:58
8
  • Прилеп инфо

Два дена нема трага од Виктор Илиоски од Прилеп, апел до граѓаните за помош

Шеталиште 16/02/2026 12:43
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Од ноќеска поскапуваат горивата – еве за колку

Шеталиште 16/02/2026 12:39
img_7764-1140x570-1-1044x522
  • Битола инфо

Општина Битола испрати тим и помош во поплавените подрачја во Кичево

Шеталиште 16/02/2026 12:36

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани