Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Предупредување за измами од лажни финансиски советници на социјалните мрежи

admin 14/11/2024 00:00
facebook-insta-whatsapp-app-icons-1

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека е забележана зголемена активност на измамници, кои преку социјалните мрежи се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути. Овие лица се рекламираат со лажни профили или спонзорирани реклами, често ветувајќи висока заработка и брзи добивки, со што успеваат да ги привлечат жртвите кои бараат начин да инвестираат.

По воспоставувањето контакт преку социјалните мрежи, измамниците комуницираат со жртвите преку телефонски повици, користејќи VOIP броеви, кои обично изгледаат како локални броеви за да стекнат доверба. Во текот на разговорот, тие ги убедуваат жртвите да инсталираат софтвер за далечински пристап, под изговор дека им е потребен за да им помогнат со поставување на платформата за тргување.

Откако ќе добијат далечински пристап до компјутерот или мобилниот уред на жртвата, измамниците пристапуваат до електронското банкарство и ги префрлаат паричните средства од банкарските сметки на жртвите. Во многу случаи, жртвите остануваат без средства пред да сфатат дека се измамени, а штетите се значителни.

Секторот за компјутерски криминал ги советува граѓаните да бидат исклучително внимателни при комуникација со непознати лица кои нудат финансиски совети преку интернет. Никогаш не инсталирајте софтвер за далечински пристап на барање на непознати и внимавајте на повици од непознати или сомнителни телефонски броеви. Во случај на сомневање за измама, веднаш контактирајте ја вашата банка и пријавете го случајот во Министерството за внатрешни работи.

Continue Reading

Претходно: СВР Битола: Повреден работник во фабрика, 26 годишен битолчанец фатен со марихуана
Следно: Казна од 45 евра за непоседување на зимска опрема во возилата

Поврзани вести

08-050
  • Македонија

Денеска се празнува Св. апостол и евангелист Марко

Шеталиште 08/05/2026 06:41
dozd-cador-1
  • Македонија

Денеска облачно време со врнежи од дожд

Шеталиште 08/05/2026 06:39
IMG_3256
  • Вести
  • Македонија

30 години европски пат: Засилена порака за реформи и членство во ЕУ

Шеталиште 07/05/2026 20:24
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Денеска се празнува Св. апостол и евангелист Марко 08-050 1
  • Македонија

Денеска се празнува Св. апостол и евангелист Марко

08/05/2026 06:41
Денеска облачно време со врнежи од дожд dozd-cador-1 2
  • Македонија

Денеска облачно време со врнежи од дожд

08/05/2026 06:39
30 години европски пат: Засилена порака за реформи и членство во ЕУ IMG_3256 3
  • Вести
  • Македонија

30 години европски пат: Засилена порака за реформи и членство во ЕУ

07/05/2026 20:24
Шампионот Еурофарм Пелистер постигна само два гола во 17 минути, во убедливиот пораз од Вардар 1961! IMG-889265e5640e1769ee32c3979bf350e6-V 4
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шампионот Еурофарм Пелистер постигна само два гола во 17 минути, во убедливиот пораз од Вардар 1961!

07/05/2026 20:12
Ристов: Ќе направиме анализа за струјата, не очекувам драстично зголемување на цената на топлинската енергија 20260507131408_big_730x400_72 5
  • Економија

Ристов: Ќе направиме анализа за струјата, не очекувам драстично зголемување на цената на топлинската енергија

07/05/2026 11:24

Можеби сте пропуштиле

624-400-horoskop-horoskopi-zodiia-zodii-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (08.05.2026)

Шеталиште 08/05/2026 06:43
08-050
  • Македонија

Денеска се празнува Св. апостол и евангелист Марко

Шеталиште 08/05/2026 06:41
dozd-cador-1
  • Македонија

Денеска облачно време со врнежи од дожд

Шеталиште 08/05/2026 06:39
IMG_3256
  • Вести
  • Македонија

30 години европски пат: Засилена порака за реформи и членство во ЕУ

Шеталиште 07/05/2026 20:24

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани