Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Забава
  • Занимливости

Пред 120 години, Ајнштајн ја претставил Теоријата на релативитетот

Шеталиште 30/06/2025 13:21
Albert Ajnstajn

На 30 јуни 1905 година, германско-американскиот научник Алберт Ајнштајн формулирал два научни постулати од својата импозантна научна кариера. Пред 120 години, тој имал 26 години.

Според „Икс“-страницата на Нобеловите награди, првиот и далеку попознат постулат е Теоријата на релативитетот, којашто ги опишува просторот и времето во однос на движењето и го заменила концептот на Исак Њутн за времето и просторот. Оваа теорија се нарекува и „Специјална“ бидејќи изразува посебен, конкретен случај, каде што уделот и ефектите на забрзувањето и гравитацијата не може да се игнорираат. Околу 10 години подоцна, Ајнштајн ја објавил и Теоријата на општата релативност, којашто ја вклучува и гравитацијата. Специјалната релативност е точна кога ефектите на гравитацијата се занемарливи или слаби, а во спротивно мора да се замени со општата релативност.

Со Специјалната теорија на релативноста, Ајнштајн бил првиот што ги отфрлил апсолутниот простор и апсолутното време, односно утврдил дека и просторот и времето се релативни и дека како такви се физичка реалност. Затоа, постулатот на релативноста подразбира дека ако двајца набљудувачи се движат со константна брзина во однос на друг, секој закон на физиката ќе дејствува подеднакво врз двајцата набљудувачи. Не постои експеримент што може да утврди дали набљудувачот се движи или е во мирување.

Теоријата за постојаноста на брзината на светлината во вакуум е вториот постулат. Тој подразбира дека таа брзина е константна, непроменлива и независна од брзината на изворот на светлина или набљудувачот. Ова значи дека брзината на светлината секогаш ќе биде иста без разлика колку брзо некој или нешто се движи кон изворот на светлина. Брзината на светлината во вакуум е 300.000 километри во секунда.

Ајнштајн ја доби Нобеловата награда за физика во 1921 година. Но, тој не го доби ова признание за неговата теорија на релативност, по којашто е можеби најпознат, туку за неговото објаснување на фотоелектричниот ефект.

Фото: Пиксабеј (оваа фотографија е создадена со помош на вештачка интелигенција)

Continue Reading

Претходно: Манасиевски: Завршија празните ветувања на полето на животната средина, ВМРО-ДПМНЕ ги гради темелите на промените во животната средина
Следно: Сувото грозје и сливите помагаат при запек

Поврзани вести

turisticka-mapa
  • Занимливости

Промоција на „Македонија 360“ – виртуелен водич низ природното и културното наследство

Шеталиште 05/11/2026 09:07
Саботно „корзо“ на битолчани (31.10.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (31.10.2026)

Шеталиште 31/10/2026 16:03
Election 2024 Trump
  • Занимливости

Трамп нуди еден милион долари за пријавување изборна измама

Шеталиште 27/10/2026 08:45
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Можно е да не можете да плаќате преку банка викендов – сите банки ги менуваат системите kartichki-860x484 1
  • Економија

Можно е да не можете да плаќате преку банка викендов – сите банки ги менуваат системите

06/11/2026 12:46
ФК Скопје сака да избегне пораз и во Кавадарци vardar-5-1536x1098 2
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Скопје сака да избегне пораз и во Кавадарци

06/11/2026 12:26
Нови дојави за бомби во авиони ширум Европа, овој пат мета „Рајанер“ и „Визер“ 800x600_1116947580_A320_WizzAir_first_delivery_hr 3
  • Свет

Нови дојави за бомби во авиони ширум Европа, овој пат мета „Рајанер“ и „Визер“

06/11/2026 11:48
37 – годишен битолчанец лишен од слобода – кај него пронајдени 30 ленти со таблети policija-bt-1 4
  • Битола инфо

37 – годишен битолчанец лишен од слобода – кај него пронајдени 30 ленти со таблети

06/11/2026 11:47
16 – годишна прилепчанка го пријавала вонбрачниот партнер и неговиот татко за физички напад policija-8 5
  • Прилеп инфо

16 – годишна прилепчанка го пријавала вонбрачниот партнер и неговиот татко за физички напад

06/11/2026 11:46

Можеби сте пропуштиле

kartichki-860x484
  • Економија

Можно е да не можете да плаќате преку банка викендов – сите банки ги менуваат системите

Шеталиште 06/11/2026 12:46
vardar-5-1536x1098
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Скопје сака да избегне пораз и во Кавадарци

Димитар Петковски 06/11/2026 12:26
800x600_1116947580_A320_WizzAir_first_delivery_hr
  • Свет

Нови дојави за бомби во авиони ширум Европа, овој пат мета „Рајанер“ и „Визер“

Шеталиште 06/11/2026 11:48
policija-bt-1
  • Битола инфо

37 – годишен битолчанец лишен од слобода – кај него пронајдени 30 ленти со таблети

Шеталиште 06/11/2026 11:47

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани