Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Регион

Преку интерактивна мапа се мапираат дивите депонии во Пелагонија

admin 30/01/2024 00:00
IMG_9488

Преку интерактивна мапа се мапираат дивите депонии во Пелагонија

Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола во рамките на проектот „Модерно е зелено – Мапирај за чиста Пелагонија“ ја пушти во употреба веб-страницата www.mapiraj.mk каде што десет млади волонтери од општините Битола, Прилеп, Крушево, Могила и Новаци во наредните месеци ќе ги мапираат дивите депонии во нивните места на живеење.

Покрај мапирањето на диви депонии, на веб-страната ќе се пласираат и информативно-едукативни блогови од областа на екологијата.

Претседателот на Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола, Мартин Николовски, изјави дека активностите се насочени за подигнување на јавната свест за заштитата на животната средина и намалување на загадувањето во Пелагонискиот регион.
„Пелагонија се гуши во отпад кое несовесните граѓани го фрлаат буквално каде стигнат. Од друга страна пак, сакаме да ги поттикнеме комуналните претпријатија и општините повеќе да се посветат на оваа проблематика за зачување на животната средина. Во рамките на овој проект планираме да мапираме околу 50 диви депонии и преку интерактивната мапа на нашата веб-страна www.mapiraj.mk да следиме дали истите ќе бидат исчистени или не. Ги повикувам сите граѓани кои ќе забележат диви депонии во нивните места на живеење да ни испратат фотографии и локација за да може да ги споделиме со јавноста“, рече Николовски.

Во изминатиот период, Здружението Интерактив –Битола организираше дебатен еко клуб за адресирање на локалните еколошки проблеми во опфатените општини, обука и теренски активности за мапирање диви депонии, како и работилници за екологија, зелена дигитализација, зелено новинарство и работилница за подготовка на еколошка кампања.

Активностите се во рамки на проектот „Модерно е зелено – Мапирај за чиста Пелагонија“, имплементиран од Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Младински активизам за позелени општини”, имплементиран од Македонското здружение на млади правници, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина Гоу Грин Скопје, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив, финансиски поддржан од Европската унија.

Continue Reading

Претходно: Луѓето родени во овие хороскопски знаци чистат за да се релаксираат
Следно: Тешка сообраќајка на излезот од Битола за Прилеп, има повредени

Поврзани вести

20260608082332_big_730x400_50
  • Битола инфо
  • Регион

Битолските пожарникари апелираат да не се палат стрништа и сува трева во Пелагонија

Шеталиште 08/06/2026 06:59
mkd-mazi-8-1024x733
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европската лига: Mакедонските одбојкари подобри од Луксембург во Струмица

Димитар Петковски 07/06/2026 21:05
stefan-andonovski
  • Вести
  • Македонија

Андоновски ќе го претстави новиот систем за СМАРТ лиценци и активностите за „Роаминг како дома“

Шеталиште 07/06/2026 07:27
300х250 (1)
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Повторно скокна цената на нафтата gorivo-pumpa-750x350-2 1
  • Економија

Повторно скокна цената на нафтата

08/06/2026 07:38
Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост 20260607200817_big_730x400_33 2
  • Македонија

Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост

08/06/2026 07:20
Битолските пожарникари апелираат да не се палат стрништа и сува трева во Пелагонија 20260608082332_big_730x400_50 3
  • Битола инфо
  • Регион

Битолските пожарникари апелираат да не се палат стрништа и сува трева во Пелагонија

08/06/2026 06:59
УХМР најавува пороен дожд, грмежи и можност за град попладне dozd-1 4
  • Македонија

УХМР најавува пороен дожд, грмежи и можност за град попладне

08/06/2026 06:57
Европската лига: Mакедонските одбојкари подобри од Луксембург во Струмица mkd-mazi-8-1024x733 5
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европската лига: Mакедонските одбојкари подобри од Луксембург во Струмица

07/06/2026 21:05

Можеби сте пропуштиле

horoscop-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (08.06.2026)

Шеталиште 08/06/2026 07:59
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Повторно скокна цената на нафтата

Шеталиште 08/06/2026 07:38
Super vozac
  • Промо

ЕДНА ГОДИНА РАБОТА, НОВА МИСИЈА ЗА ПОБЕЗБЕДНИ ПАТИШТА

Шеталиште 08/06/2026 07:33
20260607200817_big_730x400_33
  • Македонија

Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост

Шеталиште 08/06/2026 07:20

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани