Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Прилеп инфо

Преку 600 маскирани учесници и богата тридневна програма за прилепскиот карневал „Прочка 2025“

admin 26/02/2025 00:00
procka-prilep1

Преку 600 учесници и 25 групни маски се очекува да бидат дел од централното дефиле на маските в недела напладне на плоштадот во Прилеп. Ќе се одржи најновото издание на прилепскиот карневал „Прочка 2025“. Локалната самоуправа веќе ја објави програмата за сите настани врзани на карневалските свечености кои ќе траат три дена.

Програмата почнува в петок, на 28 февруари со изложбата на рачно-изработени маски кои ќе бидат изложени во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“. Маските ги изработија учениците во основните и средните училишта на традиционалните работилници за негување на карневалските традиции. Изложбата ќе биде отворена в петок напладне, кога ќе бидат соопштени и најдобрите маски.

В сабота, на 1 март, исто така напладне, на платото кај Градскиот Саат од здружението на жени „Преродба“ од Прилеп ќе го презентираат традиционалниот обичај – амкање. Програмата ќе биде збогатена со весело шоу.

В недела, на Велики поклади – Прочка напладне е централната манифестација и карневалската поворка на маските. Поворката, стотиците маскирани и маски ќе тргне од пред Центарот за култура „Марко Цепенков“ па се до плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ каде ќе бидат централните карневалски свечености. Пријавени се преку 600 учесници и ќе има над 25 групни маски кои ќе ја покажат имагинацијата на машкарите. Карневалската поворка, традиционално ќе ја предводат „Мечкарите“, заштитната маска на прилепскиот карневал и ќе биде збогатена со жонглери, акробати, кловнови, куклари и многу други изненадувања.

Стручното карневалско жири ќе ги избере најдобрите и најуспешни маски на годинашниов прилепски карневал „Прочка 2025“.

Традиционалниот ручек и одбележувањето на „Чист понеделник“ заедно со здружението „Прилепски Мечкари“ ќе биде на 3 март, в понеделник, во 12 часот на манастирот „Св. Ѓорѓија“ во селото Присад.

Continue Reading

Претходно: Голд Фелициа организира Грчка вечер со Bouzouki Band from Thessaloniki!
Следно: 21 година од загинувањето на Борис Трајковски

Поврзани вести

36_2026_55931791131282
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба го совлада Италијанецот Вела

Димитар Петковски 05/10/2026 14:52
FB_IMG_1791174339950
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

КК Пелистер го совладаа ТФТ и со победа ја започнаа новата сезона во Суперлигата

Димитар Петковски 05/10/2026 05:45
FB_IMG_1791098665935
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

„Конзулите“ се пласираа во четвртфиналето на турнирот во Мали Лошињ во Хрватска

Димитар Петковски 04/10/2026 09:02
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба го совлада Италијанецот Вела 36_2026_55931791131282 1
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба го совлада Италијанецот Вела

05/10/2026 14:52
„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците img_0458-750x375 2
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

05/10/2026 11:04
Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот gorivo-pumpa-750x350-2 3
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

05/10/2026 10:48
Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо japonija-660x500 4
  • Свет

Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо

05/10/2026 07:57
На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт 20261005093245_big_730x400_9 5
  • Македонија

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

05/10/2026 07:53

Можеби сте пропуштиле

36_2026_55931791131282
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба го совлада Италијанецот Вела

Димитар Петковски 05/10/2026 14:52
img_0458-750x375
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

Шеталиште 05/10/2026 11:04
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

Шеталиште 05/10/2026 10:48
podarok-mint_centar_2
  • Промо

Подарок! За секој направен технички преглед

Шеталиште 05/10/2026 10:47

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани