Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Театар

Премиера на две Чехови едночинки во Словенија во режија на Марјан Неќак

Шеталиште 11/03/2026 14:14
ziveti_JakaVarmuz_2026-31

Најновата премиера во театарот во Копер, Словенија, која ќе биде изведена на 13.март, е со наслов „Да се живее!“, заедничко име за Чеховите едночинки „Мечка“ и „Трагичар по неволја“, чиј режисер, композитор и сценограф е Марјан Неќак. Уште еден битолчанец е дел од претставата, костимографот Благој Мицевски. Со „Да се живее!“, Чехов по 16 години повторно е на сцената на овој театар.

„Кај Чехов секогаш се работи за луѓе кои се обидуваат да живеат. Затоа неговите едночинки ги доживувам како мали епизоди од животот – како некоја современа серија, само што Чехов ги напишал сто години пред Netflix”, рече режисерот.

Во овој театар Неќак како режисер и автор на музиката работеше на „Лепа Вида“, „Наша фамилија“ и сл..Тој не го гледа Чехов како музејска вредност, туку како жив, современ автор кој ја дијагностицира човечката ранливост со неверојатна прецизност: „Во „Мечката“ , следиме двајца луѓе заробени во сопствените одбранбени механизми, додека во „Трагичар по неволја“,  набљудуваме поединец кој се крши под тежината на апсурдот и баналноста на секојдневниот живот. „Овие едночинки не се фиктивни драми, тие се нашето секојдневие – само без маски“, додава режисерот.

Привлечноста и предизвикот на едночинките се во нивниот структурно отворен простор, во кој како автор Неќак може активно да ја обликува сценската поставка.

„Нивната згуснатост не ја доживувам како ограничување, туку како можност драматуршките празнини да ги надградам со сценски средства: со начинот на игра, со третманот на тишината, со односот меѓу телото и просторот и, секако, со музиката која ги нагласува контрастите, иронијата или емоционалната динамика. Кратката драмска форма во секој момент – било да станува збор за дијалог или пауза – бара напнатост и интензитет, затоа што само така може да се создаде повеќеслојно сценско искуство. Повеќе од толкувањето на ликовите преку текстот, ме привлекува метапросторот во кој звучните мотиви и музичката структура им даваат дополнителни значења на конфликтите и односите. Само комбинацијата на формална згуснатост и отвореност за интерпретација може од едночинката да создаде трајно инспиративно и за музичко-сценска реализација предизвикувачко дело“, вели режисерот.

Тој на прес конференцијата нагласи дека креативниот процес бил интензивен, но во исто време и инспиративен. „ Овој процес беше еден од моите најубави, бидејќи во секој поглед улогите се напишани за актерите“.

Кореографка на претставата е Ања Модерндорфер, автор на видеото Марин Лукановиќ. Во претставата настапуваат членовите на ансамблот на театарот: Рок Матек и Лука Цимприч, како и гостинката, актерката од театарот во Нова Горица, Патриција Јуринчич Финжгар.

Ова не е прв пат Неќак да работи дело од Чехов, тука се и: како автор на музиката во Љубљанската Драма ја потпишува поставката на „Иванов“, а во Народниот театар во Битола исто така „Иванов“ и „Вишновата градина“. Режисерот ја дефинира продукцијата како музички театар. Тој нагласува дека е важно и младата и постарата публика да ја видат претставата. „Да се живее!“ за него значи да се истрае. И токму во таа истрајност двете едночинки ја наоѓаат својата заедничка точка.

Continue Reading

Претходно: Технички прегледи на ново ниво – Минт Центар
Следно: Околу 10% од населението со бубрежни заболувања – нов закон за олеснување на трансплантација и зголемување на бројот на донори

Поврзани вести

825340263_1531420949011849_1669215645152924696_n
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кино
  • Култура
  • Филм

Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“

Шеталиште 26/09/2026 13:02
59d91c01eb818b0eeaf78bde4952ed5a
  • Култура
  • Кино
  • Филм

„FOREIGN TONGUE“ НА БОРИС МОЈСОВСКИ СИНОЌА ОСВОИ „SPIRIT OF CINEMA“ ВО ГЕРМАНИЈА, А УТРЕ ФИЛМОТ Е ПРЕД ПУБЛИКАТА НА „БРАЌА МАНАКИ“

Шеталиште 21/09/2026 18:19
IMG_6590
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Македонија
  • Филм

Отворено 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Шеталиште 19/09/2026 23:17
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео) Screenshot_20261012_065715_Facebook 1
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

12/10/2026 05:15
МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув Screenshot_20261011_110530_Facebook 2
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

11/10/2026 09:13
Џеков: Време е Силекс да се врати на победите 06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

10/10/2026 09:36
„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш 06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004 4
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

10/10/2026 09:32
Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани prilep-programa 5
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

09/10/2026 14:57

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20261012_065715_Facebook
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

Димитар Петковски 12/10/2026 05:15
Screenshot_20261011_110530_Facebook
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

Димитар Петковски 11/10/2026 09:13
Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 16:23
Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 15:59

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани