Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Прес конференцика на РФМ: Дмитро Хориха, доби дозвола од (ИХФ) да настапува во дресот на македонската репрезентација

Димитар Петковски 15/10/2026 10:42
848186451_1094045193263793_2853667707958490411_n-1536x1024

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се одржа прес-конференција на која присуствуваа претседателот на РФМ, г. Александар Стефанов, селекторот на машката сениорска репрезентација, г. Кирил Лазаров.

На прес-конференцијата се говореше за претстојните квалификации за Европското првенство 2028, а воедно беше официјално претставено и новото засилување на македонскиот национален тим, Дмитро Хориха.

Хориха, кој е добро познат на македонската ракометна јавност, доби официјална дозвола од Светската ракометна федерација (ИХФ) да настапува во дресот на македонската репрезентација.

Ракометарот, кој моментално настапува за унгарскиот клуб ПИК Сегед, од денес и официјално му е ставен на располагање на стручниот штаб на машката сениорска репрезентација на Македонија.

Г. Александар Стефанов, претседател на Ракометната федерација на Македонија:

„Мислам дека добиваме еден ракометар што ќе даде тежина и голем придонес, тој е во зенитот на својата кариера и се надеваме дека со него ќе добиеме на квалитет и ќе придонесе и тој за подобри резултати во иднина.“

Во однос на претстојните квалификации, претседателот Стефанов истакна дека Македонија со големи амбиции ги очекува натпреварите против Луксембург и Грција, со јасна цел – пласман на Европското првенство 2028.

Г. Кирил Лазаров, селектор на машката сениорска репрезентација:

„Се работи за играч кој има шут од надвор, кој е играч во два правци, кој има победнички карактер и во последните години покажал дека секогаш прави се за неговиот тим да победи.“

Селекторот Лазаров најави дека списокот на повикани ракометари ќе биде објавен на почетокот на следната седмица, нагласувајќи дека конкуренцијата за секое место во тимот е голема и дека репрезентацијата максимално сериозно ќе пристапи кон претстојните квалификациски натпревари.

Continue Reading

Претходно: ЕВРОТО ПАДНА НА НАЈНИСКО НИВО од мај поради фискалните превирања во Франција
Следно: Пелистер против освојувачот екипата на Силекс во осминафиналето од Купот на Македонија

Поврзани вести

Alta-banka-Bitola
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

Шеталиште 09/11/2026 12:39
petka-696x703
  • Македонија

Утре се празнува Светата маченичка Параскева (Петка) – ја жртвувала удобноста за да им помага на сиромашните

Шеталиште 09/11/2026 11:07
kapinkovski-naslov-2-1536x1095
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија У19: Капинковски го објави списокот со повикани фудбалери, за вториот квалификациски круг за ЕП 2027

Димитар Петковски 09/11/2026 10:49
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир bair-tunel 1
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

09/11/2026 13:08
Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември Francija-PSG 2
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

09/11/2026 13:04
Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено Alta-banka-Bitola 3
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

09/11/2026 12:39
Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто inflacija-1.jpg 4
  • Економија

Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто

09/11/2026 12:12
Пад на цените на горивата: Поевтини бензините и дизелот gorivo-pumpa-750x350-2 5
  • Економија

Пад на цените на горивата: Поевтини бензините и дизелот

09/11/2026 12:05

Можеби сте пропуштиле

bair-tunel
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

Шеталиште 09/11/2026 13:08
Francija-PSG
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

Шеталиште 09/11/2026 13:04
20261109123651_big_730x400_3
  • Занимливости

Ретко голем бел тартуф од 850 грама продаден за 100.000 евра на аукција во Италија

Шеталиште 09/11/2026 12:44
Alta-banka-Bitola
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

Шеталиште 09/11/2026 12:39

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани